,

(ГАЛЕРИЈА) ВИСОКА МОДА НА ФРАНЦУСКАТА КУЌА: Карл Легард ја прикажа новата колекција на Chanel

Добивај вести на Viber

Дали Лагерфелд и понатаму е на врвот или стагнира ? Тоа прашање ги мачи сите модни поклонувачи на француската куќа и мода генерално ... Во политиката често се случува одреден политичар да ги менува законите и Уставот за да остане подолго на власт, но и тогаш ретко било кој диктатор се задржува на претседателската или премиерска позиција повеќе од 30 години. Во модата е нешто поинаку. Дизајнерите се ротираат по неколку сезони, а само во семејниот бизнис (Versace, Valentino, Fendi, Armani, Donna Karan, Diane von Furstenberg) гледавме еден континуитет кога е во прашање раководната позиција која диригира со целото модно царство. Насекаде каде не е присутна семејната традиција, дизајнерите опстојуваа најмногу до девет години. Сите освен Карл Лагерфелд . https://www.instagram.com/p/BeUup8fBJZn/?taken-by=yasamandotcom Германскиот дизајнер „претседава“ со Chanel куќата уште од 1983 година, и иако тврди дека на основачката на брендот, големата Коко Шанел не би и се допаднала модата која тој ја креира, Карл опстанува и за секоја колекција добива пофалби. Ние некако ги намаливме пофалбите во желба Карл да ни понуди некоја нова иновативна француска куќа, а не чист copy-past на сите свои колекции. Додека нашето внимание повеќе го привлекуваат сценографии имаме впечаток дека модата е во сенка, а спектакл она околу што Карл најмногу се потруди. https://www.instagram.com/p/BeSTIU7ATPS/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi Овој пат мастермајдот на Chanel одлучи  Grand Palais да го претвори во ботаничка градина со фонтана, скулптури и централна зграда која изгледала како дрвен мрежаст тунел низ кој манекенките дефилираа. https://www.instagram.com/p/BeUxaTRniih/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi Ревијата е отворена со класика-костими со нагласени рамења со ткаенина во боја на вино и нежно розева. Акцесоарите кои ги испратија повеќето модели се базираа на мрежаст вел и полудлабоки чизми од слични текстури на костим или сјаен pvc материјал. Следеше градација на тема букле и пастелни тонови која е завршена со излегување на модели во интересна венчаница која се базирала на бело одело и пердувеста наметка. Уживајте во галеријата.