Стил Профил,
Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Марија Грација Кјури се надмина себе си во новата колекција за пролет-лето 2018
Марија Грација Кјури уште еднаш ни прикажа многу интересна модна колекција.
Оваа дизајнерка која работи за модната куќа Диор е една од првите кои своите силни феминистички ставови ги изразиле со облека. Од нејзината прва презентација за овој луксузен бренд, сите знаеја дека Марија ќе биде вистински авторитет во модната индустрија. За pre-fall колекцијата, таа креира омаж за своите две главни агенди: моќни жени и наследство на Кристијан Диор.
[gallery size="large" ids="13904,13905,13906,13907,13908,13909"]
Овој пат, инспирацијата ја пронашла во уметничката Клод Кахун, која потекнува од Франција, а се занимава со вајарство, фотографија и пишување, а посебно е позната по својот надреален пристап на уметност. Нејзиното вистинско име било Луси Швоб, но го заменила бидејќи не сакала да биде дефинирана врз основа на својот пол или име.
[gallery size="large" ids="13910,13911,13912,13913,13914,13915,13916,13917,13918,13919,13920,13921,13922,13923,13927,13925,13926,13924"]
Марлен Дитрих е другата муза на Кјури, која ја инспирирала со својот опачки стил. Токму од тие причини, дизајнерката одлучила на својата колекција да и подари нешто помажествени кроеви, а се фокусирала на темни нијанси како што се црна, сива и тегет, со наговестување на бела, крем и камел.
Оваа дизајнерка со своето напредно мислење и единствен поглед на свет, дефинитивно го менува универзумот на модата, благодарение на неа и нејзините силни пораки, индустрија на мода станува се повеќе и повеќе инклузивна.
[gallery size="large" ids="13933,13932,13931,13930,13929,13928"]
[gallery size="large" ids="13957,13956,13955,13954,13953,13952,13951,13950,13949,13948,13947,13946,13945,13944,13943,13942,13941,13940,13939,13938,13936,13937"]