Ништо не може да ја замени магијата на декорирање на вашиот ентериер за Божиќ и новогодишните празници, како природно зеленило, црвени украси и незамелива комбинација на бои и мириси.
Внесете мал рај во вашата куќа со некои величенствени декорации. Креирајте од својот дом луксузно ремек дело, кое ќе ги фасцинира гостите, а воедно и вие ќе уживате во него. Додајте малку магија и создајте топла и срдечна атмосфера со помош на црвени и зелени украси, бидејќи тоа секогаш е добитна комбинација.
Ако имате скали во вашата куќа, знајте дека тие се идеални за украсување со гранки од природен бор или вештачки зелени гранчиња и подароци наменети за вашите деца и роднини.
Нека вашата елка биде центар на вашиот дневен престој со шарени и сјајни украси. Вашата божиќна трпеза исто така мора да биде во склад со празничната атмосфера, па и таа може да биде декорирана со зелена и црвена боја. Ќе биде подобро ако ставите некои декоративни свеќи кои дополнително ќе ја загреат целата атмосфера. Ако имате камин можете да ставите гранки украсени со црвени траки. Неизоставен дел во создавање на свеченоста се декоративните свеќи и светла во различни бои.
Подесете ја бојата на светлата согласно боите на сите други украси. Користете ги овие едноставни правила и направете ја својата куќа луксузно божиќно засолнипте. За инспирација погледнете ги овие фантастично уредени куќи кои емитуваат добра празнична атмосфера.