Неоспорно е дека каубојските чизми ќе го сменат големиот тренд на патики во 2018 година. Патиките непланирано од теретана излегоа и зачекорија во сите сфери од нашите животи.
Делува како ни тие сами да не планирале таква популарност. Шега на страна, во последните години популарноста на патиките енормно порасна, па е можно да се видат во сите комбинации, вклучувајќи и ги оние за кои некој порано ви зборувал, не би верувале.
Судејќи по ревиите на големите модни куќи во мода се враќаат каубојските чизми, секако не оние како од Дивиот Запад, туку рестилизирани верзии.
Модните ревии на големите имиња како што се Chloé, Dior или Céline најавија големо враќање на каубојките на сцена. Така да , подгответе се патиките повторно да ги носите само во теретана или кога трчате.
Новите модели на каубојски чизми ќе бидат достапни во многубројни варијанти и од разновидни материјали. Ќе можете да купите каубојки од кадифе, бокс кожа, велур, сатен, оние со нитни или со вез. Во понудата се модели со нешто позаоблен врв или во шпиц, а најважно е дека ќе бидат кратки, до глуждовите.
Одлично се комбинираат со омилените фармерки, убаво фустанче или шорц.