Славната актерка Кристен Виг одлучи да се почасти со историска недвижнина во калифорниската Пасадена.
За новиот дом ѕвездата од филмот „Деверуши“ издвоила околу 3 милиони долари, а според пишувањата на американските медиуми, се работи за имот кој се наоѓа во Националниот регистар на историски знаменитости.
Делото на славниот архитектонски двоец, Nomland и Nomland, е изградено во 1947 година и има 4 спални соби и три купатила, а целосно е реновирано во 2012 година.
Од фотографиите јасно е да се заклучи зошто поседува култен статус, а со дневниот престој од отворен тип доаѓа и многу простор за забава со прекрасен базен во преубавиот двор.