Струмица викендов беше европски Рио, а членовите на групата „живи мртовци“, брачниот пар Орце и Натка Спасовски на карневалскиот бал беа прогласени за принц и принцеза на прославениот Струмички карневал.
Сепак, најголема атракција претставуваа гостите од холандскиот остров Аруба, кои во атрактивни, а девојките во предизвикувачки костими настапуваа танцувајќи „сако“.
-Ние и лани бевме на Струмичкиот карневал. Оваа година сме побројни. Нашата карневалска група има 50 членови, а ќе се претставиме со танцот „сако“ кој е мешавина од музика и танц од Тринидад и Тобаго-изјавила Саира, водачка на карневалската група од Аруба.
Принцот и принцезата со својата група ја предводеа поворката од околу 500 учесници на карневалот од Холандија, Германија, Хрватска, Србија и Бугарија.
Струмичкиот карневал уште еднаш потврди дека не е случајно избран меѓу седумте најатрактивни зимски настани во Европа.
Тоа го потврди и претседателот на Европската федерација карневалски градови, Фрединанд Ван дер Крон кој е воодушевен од Струмичкиот карневал.
Ви пренесуваме дел од атмосферата: