За среќно детство и добро растење потребни се доста фактори-од материјални услови, како кров над глава, до емотивна исполнетост, за која пресудна улога има љубовта на родителите, браќата и сестрите.
Тука секако, се и другарите од улица, градинка, училиште, нови знаења, петки, двојки ...Секое искуство од нас го прави она во што подоцна ќе израснеме, како ќе размислуваме, со што ќе се занимаваме...
Уште еден важен фактор во растењето е исхраната. Тоа познато бабино „ако не можеш, изеди без леб“, мамино често браќање низ дома со лажичката, а ние само сакаме да уживаме во омилениот кекс...
Ни сите врвни јадења на овој свет не можеа да ја заменат бисквитата! И тогаш, но и сега, кога пораснавме, единствено ни е кристално јасно-без бисквит не можевме да го замислиме детството.
Сепак, и сега кога не сме така мали, бисквитите и понатаму е дел од нашиот живот. Од неа ги подготвуваме најубавите слатки, ни ја заменува вечерата, со неа се сладиме со кафе и чај, ја грицкаме кога постиме ...Можеби во душата сепак не сме пораснати?
За жал сме, но оној кој со бисквити имал вака среќно и убаво растење, никогаш не сака и не може да го заборави!