Ако мислите дека брошот веќе е демоде, тоа не е точно.
Еве неколку креативни начини на кои може да го носите брошот, комбинирајќи го со вашата гардероба.
Закачете го брошот на вашата марама
Едноставните брошеви изгледаат преубаво на карарани и цветни марами. Ако пак фомата на брошот е малку посложена тогаш комбинирајте го со марама во една боја.
Направете огрлица со брош
Земете марама, поврзете ги краевите и закачете го брошот. Ќе имате уникатен моден додаток.
Брош во коса
Вашата омилена трака за коса може да ја украсите со светкав брош. Ставете го странично на траката или пак на средина, во зависност на неговата форма. Покрај траките, турбанот за глава изгледа преубаво кога е украсен со брош.
Носете го на џемпер
На џемперите без копчиња, брошот може да се стави.