,

Дали вегетаријанската исхрана е скапа?

Добивај вести на Viber

Во оваа статија ќе ви пренесеме личен став и мислење на личност која веќе 11 години е на вегетаријанска исхрана, а месото од менито го исфрлила не поради здравје, туку поради мислост кон животните.

Накратко: животните се мои пријатели, а јас своите пријатели не ги јадам.

Подлабоко во расправата за тоа дали е во ред да се јадат животни или не нема да невлегуваме, секој има свои размислувања и ставови. И сите на тоа имаме право.

Темата на која ќе пишуваме е малку поинаква. Како е да се храните на овој начин и колку сето тоа чини. На почеток, нашата соговорничка Марија вели дека да се храниме здраво е малку поскапо, без разлика дали се работи за јадење месо или не. Ако сакате на чинија да ви се наоѓаат квалитетни и здрави намирници мора да издвоите малку поголема сума пари од онаа која мора да ја издвоите за помалку здрави намирници како бел леб, бели тестенини, обоени сокови и слично.

Факт е дека во нашата земја свеста за важноста на здравата исхрана и понатаму е ниска и прилично неразвиена, но лесно се менува па луѓето се повеќе почнале да ја увидуваат важноста на здравата исхрана и органски намирници. Соодветно на тоа, понудата на пазарот, односно во продавницте,  е се побогата, па со тоа и цените стануваат пониски. Тоа е многу едноставен закон на пазарот кој сите добро го познаваме, без разлика дали сме студирале економија или не.

Значи да се храниме здраво е поскапо бидејќи повеќе пари ќе мора да издвоите за одредени намирници. Сепак, да се храните вегетаријански не мора да биде ништо поскапо во однос на исхраната која вклучува месо, додуша, соговорничката ни раскажува дека е дури и пооевтина.

Ако сте доволно паметни и снаодливи може да се храните и здраво за релативно пристапен буџет.

Ако сте вегетаријанец знаете дека протеините кои се наоѓаат во месото мора да ги пронајдете во некои заменски намирници. За среќа, месото не е единствен вреден извор на протеини. Постојат многу други намирници (а не се поскапи од месото) кои можете да ги вклучите во вашето мени и така да ја задоволите вашата дневна потреба за протеини. Житарици, зеленчук,  јаткасти плодови и мешунките се само некои од таквите намирници (билно потекло) кои содржат и повеќе од доволно протеини. Тука се и намирниците од животинско потекло (но не се месо) како што се млечните производи, кои освен протеини, содржат и калциум.

Советот кој ни го дава вегетаријанката Марија е ако сакате да се храните здраво и релативно евтино е да имате ваша градина или пак да купувате на пазар од локални произведувачи за кои сте сигурни дека нудат проверени производи и свежи сезонски намирници. Овошје, зеленчук, и мешунките и не се така скапи намирници и ги јадеме речиси сите. Може да се подготват на разни начини кои не вклучуваат месо. И нема да бидете гладни ако за појадок јадете само билки. Само веројатно ќе јадете почесто, но помали и почести оброци се всушност поздрави.

Некои намирници како интегрален леб, тестенини, кафеав ориз и слично се поскапи, посебно ако станува збор за био одгледување. Фактот дека еко одгледувањето и поинаквиот начин на производство бараат повеќе труд и вложување па со самото тоа и трошоците се поголеми во крајната цена на готовиот производ. Не е работата во тоа тие намирници да бидат поскапи, туку во тоа дека нашите приходи се премали и недоволни за водење на квалитетен начин на живот.

Одговорот на прашањето сепак е дека вегетаријанската исхрана не мора да биде скапа, но тоа не значи дека не може. Се зависи од тоа што ќе купувате и како и каде ќе се храните.

Вегетаријанската исхрана дури не е ниту комплицирана, додуша зеленчукот е многу полесно, поедноставно и побрзо да го подготвите отколку месото. Во почетокот можеби ќе биде потешко да ги испланирате оброците се додека не се навикнете,  но подоцна ќе стане народно кажано мачкина кашлица.

Сепак најважно од се е да научите да ги слушате сигналите кои телото ви ги праќа и да ја прилагодите исхраната на својот начин на живот.

Ако телото ви бара месо, јадете месо, ако чуствувате дека телото не ви го прифаќа или ако по јадењето месо не се чувствувате добро, исфрлете го од својата исхрана. Многу едноставно, зарем не? И секако, клучната работа во сето тоа е умереноста која е неопходна за постигнување на здрава животна рамнотежа.