Едно јајце на ден им помага на децата да растат правилно

Првите две години од животот се многу важни за развојот на децата, затоа е особено потребно тие да се хранат правилно и балансирано во текот на овој период. Според истражувањето објавено во престижното списание Pediatrics, едно јајце на ден обезбедува вредни хранливи материи на младиот организам и помага за правилен раст и физички развој. Не е важно дали јајцето ќе биде варено, омлет или подготвено на друг начин. Со вклучување во неговото мени, ќе спречите било какво доцнење во неговиот развој. Лошата исхрана заедно со некои инфекции и детски болести е главна причина за тоа идниот возрасен да остане со низок раст. 

10 причини да се јадат повеќе јајца 

 Научниците, исто така, истакнуваат дека ако има нарушување во растот во првите 24 месеци од животот, тешко е да се постигне понатамошен развој. Проблемот е особено изразен во посиромашните земји. Според Светската здравствена организација (СЗО), околу 155 милиони деца ширум светот имаат понизок раст од оптималниот. 

 Јајцето е идеално за бебиња

Наодите се базираат на студија на 160 деца. Половина од нив јадат едно јајце шест месеци секој ден. Другата половина служелс како контролна група. Јајцето е идеална храна за мали стомаци. Протеините и жолчката се одлична комбинација од најважните хранливи материи. Важно е дека јајцата добро се готват или се термички третирани за да се избегне ризикот од инфекција. Се разбира, јајцата мора да се воведат на соодветната возраст, да се следи за алергиски реакции и да се придржуваат строго препораките на педијатар. Крајниот резултат - бил следниот: во главната група (со јајцето), децата со развојни одложувања биле за 47% помалку во споредба со контролната група. Во првата група, на почетокот, имало повеќе деца со понизок раст од нормалното за нивната возраст. Експертите потсетуваат дека јајцето е храна која може да се даде само после 4 месеци. Според СЗО, постепеното воведување на разновидна храна е уште подобро по 6 месеци.