,

Дарија Андоновска со Илуминации во Белград

Дарија Андовска ќе биде дел од 26та меѓународна трибина на композитори во Белград. Композицијата „Илуминации“ за гудачки квартет од Дарија Андовска ќе се изведува во Белград, во склоп на 26. меѓународна трибина на композитори што ќе се одржи од 5 до 10 октомври. Дарија е единствениот македонски претставник на фестивалот на кој ќе се претстават дела на творци од 19 држави. Дарија Андовска е единствена Македонка која беше дел од фестивал во САД со нејзиното музичко дело Liquid-crystal во тесен избор со само шестмина претставници од Европа.