Животна училница // Семеен Албум
ДА ОДГЛЕДАТЕ ДЕТЕ Е ВИСТИНСКИ ПРЕДИЗВИК: 9 правила со кои вашиот син ќе израсне во вистински човек
Растевме без татко или со други зборови, јас бев самохрана мајка. Од самиот почеток знаев дека морам да бидам поинаква мајка и да го разбијам стереотипот дека нецелосно семејство е несреќно семејство.
Беше тоа пред година дена. Мало кафуле, јас и мојот дванаесетгодишен син.
Имаше луѓе околу нас, син ми нешто гледаше во телефонот и ме прашува „Мамо кои порно филмови се најдобри?“.
Луѓето во близина се вртат затоа што слушнаа детски глас.
„Како прво треба да бидат квалитетни, профи, а таквите се плаќаат. Сакам американски, но тоа е прашање на вкус. Најважно е да не е некое домашно видео, тие се без врска и по секоја цена треба да се заобиколат видеа со насилство и педофилија“- велам.
Мажите заборавија на жените со кои дојдоа, а жените си наместија кисели фаци како да им се гади.
Син ми продолжи разговор за порно филмови, што, како, зошто.
За мене беше најважно дека син ми ми поставува прашања мене, а него не му е гајле дали некој не слуша или не.
Тоа јас го викам доверба. За 14 години си дефинирав некои правила.
- никогаш на детето немој да му се смееш, посебно не на машко
- секогаш одговарајте на сите негови прашања
- барајте совет од синот и прифатете го решението
- заборавете ја фразата „сто пати ти реков“
- пофалете
- поддржете го секој негов сон
- ако детето плаче значи имало некоја неволја
- не му читајте букви
- вие сте на негова страна