,

Денис Чемберс со формацијата „Trace elements“ вечерва во Станица 26

Добивај вести на Viber

Вечерва во Станица 26, со почеток во 22 часот „3Гонга“ со гордост ви ја претставуваат трио формацијата „Trace Elements“ на прочуениот Paolo Di Sabatino со познатиот американски тапанар Dennis Chambers. Куриозитет за овој тапанар е што тој почнал да учи да свири уште на свои четири години, а почнал на настапува во ноќни клубови на само шест години. Иако, нема формално образование, помеѓу тапанарите тој е еден од ретко познатите по својата техника во изведбата и брзината. Чемберс си поигрува со широк спектар на музички жанрови, но можеби е најзначаен за неговата џез фузија, фанкот и латинската музика. Познат е по неговите „брзи раце“. Чемберс досега има снимено и настапувано со многу значајни музичари од светската музичка сцена како John Scofield, George Duke, Brecker Brothers, Santana, Parliament/Funkadelic, John McLaughlin, Mike Stern, Greg Howe... Ова е негово трето гостување во Скопје. Првиот пат настапи со англискиот гитарист Јohn Мclaughlin и еднаш на големиот концерт со Сантана. Легендарниот тапанар кој досега има настапувано со најголемите имиња од светската музичка сцена, овој пат, заедно со Паоло Ди Сабатино и Христијан Галвез ја завршуваат својата европска турнеа токму во Скопје. Не пропуштајте го овој ексклузивен настан. Следната година на 8 ноември Денис повторно ќе настапи во Скопје заедно со Victor Wooten и  Bob Franceschini.