Да се биде родител е воедно најслатката, но и најтешката задача. Грешки кои што се случуваат во дисциплинирањето на децата не се ништо необично или невообичаено, но тие се нешто заедничко и типично за голем број родители. Овие грешки се толку чести што можеме да зборуваме за еден маѓепсан круг на грешки кои често се повторуваат.
Дисциплинирање на децата и нивно одгледување во фер и пристојни млади луѓе е најтешката задача за секој родител. Дисциплината во воспитувањето треба да се прилагоди во зависност од однесувањето и потребите на детето. За жал, не постои книга со упатства и правила до кои секој треба строго да се придржува па затоа е неопходно секој родител да ги прилагоди своите правила кон кои ќе се придржува.
Но, за да станете родител што поскоро кој стои зад неговите зборови , и кои децата го сфаќаат сериозно, важно е да бидете свесни за најчестите грешки во детската дисциплина.
- Не дисциплинирајте кога сте лути и извадени од такт!