Познато е дека мандарините се многу популарни во зимскиот период...
Значи, овој вкусен цитрус ќе ве задоволи со својот слаток вкус и опоен мирис. Полн е со витамини, а воедно ќе ви помогне да се ослободите од дополнителни килограми. Доколку ги обожавате мандарините, ќе ви се допадне оваа диета.
Пред се знаеме дека мандарините содржат многу витамини Ц, кои го подобруваат имунитетот и помагаат во борба против настинки. Исто така во овие портокалови цитруси се наоѓаат витамини од групата Б,Д,К, П, кои се многу важни за нормална работа на срцето, очите, коскеното ткиво. Во нив има многу пективни, есенцијални масла, а има и гликозиди кои добро влијаат на метаболизмот и минерали корисни за убавина и здравје: магнезиум, калиум и калциум.
И покрај фактот дека мандарините се прилично слатки, имаат малку шеќер. Овие плодови воглавно се состојат од вода, така да се ниско калорични. Калориската вредност на мандарините е 53 kcal на 100 грама.
Во нив се наоѓа супстанцата нобилиетин, која спречува депозиција на масти на внатрешните органи, со што се стимулира експресијата на гените и се забрзува метаболизамот.
Мени за еден ден:
Појадок: 1 мандарина со шолја зелен чај
Ужина: 1 готвено јајце и 3 мандарини.
Ручек: 150 г готвено пилешко, шолја чај, 1 мандарина
Вечера: Билна супа, парче готвена риба, 1 мандарина
Пред легнување: јогурт
Оваа диета не смеете да ја применувате ако имате:
чир на желудник
колитис
гастритис
холециститис
ентеритис
зголемена киселина на желудникот.