Интервјуа // Интервјуа
ИНТЕРВЈУ ЈОКСИМОВИЌ: Дома ми е журка со три деца!
ИНТЕРВЈУ СО СРПСКИОТ КАНТАВТОР ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ
Јована има помош од бабите и се снаоѓа некако. Јас се наоѓам исто така, и помагам што и да треба. Сакам да се занимавам со деца и уживам со нив. На почетокот беше комплицирано, околу капењето, пресоблекувањето, хранењето, кои се помали сестри на трииполгодишниот Коста. Поп-пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ е татко на четири деца, неговата најстара ќерка Мина има 22 години. На 11 ноември повторно доаѓа на концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, кој го организира „Прагма“ продукција. За Женски Магазин, Јоксимовиќ искрено зборува за семејството и за музиката.
[caption id="attachment_3314" align="aligncenter" width="640"] Коста сака да покаже дека е голем батко кој може да се грижи за бебињата. - сопругата на Жељко Јована со синот Коста[/caption]
Женски магазин: По серијата интимни концерти лани во Македонскиот народен театар со проектот „Два света“, каков ќе биде овој скопски концерт?
Јоксимовиќ: Ќе биде доста поразлично, почнувајќи од тоа дека верувам оти публиката целиот концерт ќе го помине на нозе, танцувајќи. Во еден глас ќе ги пееме омилените песни, атмосферата ќе биде извонредна, ќе има стари и нови хитови кои сите ги сакаат и на коишто се навикнати. Секако, во живо ќе ја претставиме и песната „Милиметар“, која предизвикува воодушевување ширум регионот поради што сум многу среќен. Од друга страна, „Два света“ има нешто поинаков концепт, посвечен, новогодишен, во побавни ритми, во џез и во свинг руво. Овој пат сме во салата „Борис Трајковски“ за која се надевам дека ќе ја исполниме до последно место. Ќе биде одличен концерт, полн со искри.
[caption id="attachment_3310" align="aligncenter" width="639"] Јована има помош од бабите и се снаоѓа некако. Јас се наоѓам исто така, и помагам што и да треба. Сакам да се занимавам со деца и уживам со нив. - Јоксимовиќ со сопругата[/caption]
Женски магазин - Како сте задоволни од критиките и од коментарите за преработките од песните од албумот „Два света“? Која пофалба најмногу ве израдува, а која негативна критика ве погоди?
Јоксимовиќ: Во животот секогаш се трудам да гледам од позитивната страна, како на личен план, така и во работата. Конструктивната критика е секогаш добредојдена, човек може секогаш нешто да подобри, унапреди, да смени. А на негативните коментари не обрнувам внимание. Само ја вртам главата и продолжувам понатаму. Повеќето од луѓето со коишто разговарав, вклучувајќи ги и сите автори на песни коишто ги обработивме се воодушевени, и ми ја даваат максималната поддршка. Тешко ми е да изберам некој од нив и да истакнам, но, на пример мило ми е што целиот бенд „Рибља Чорба“ дојде на еден од моите концерти во Сава Центар во Белград, и дека за „Два света“ рекоа дека им претставува вистинско освежување. Тоа според нив е нешто ново на нашата сцена а аранжманите се квалитетни, безвременски. Кога такви легенди ќе ве пофалат, не можете а да не бидете задоволни.
Женски магазин - Вашата нова песна „Милиметар“ е вистински хит и повеќе личи на оние песни од почетокот на кариерата. Дали плански направивте нешто вака весело, наспроти „Љубави“, „Девојка“ и преработките од осумдесетите?
Јоксимовиќ: Се разбира дека тоа го направив плански. Проценив дека е време за една побрза песна, за нешто што ќе размрда и ќе донесе добра енергија. Во исто време, не сакав ништо банално, било да станува збор за текстот кој го напиша Вјекослава Хуљиќ, или за музиката. Публиката одлично ја прифати песната, имаме 19 милиони прегледи на Јутјуб, ја изведуваме на секој концерт каде што ќе се појавам, а ја вклучивме и во репертоарот на „Два света“. Многумина ми велат дека песната потсетува на некои рани фази на моето творештво. Но, оваа песна настана во едно мое врвно расположение, откако Јована ми соопшти дека е бремена и дека носи близнаци. Од среќа прво не можев да си дојдам на себеси, а прва работа која ја направив беше следната: седнав на клавир и почнав да ја компонирам музиката за оваа песна.
Женски магазин - Весело е претпоставувам и кај вас дома. Како ви поминува времето со близначките Ана и Срна и како на нив реагира синот Коста?
[caption id="attachment_3311" align="aligncenter" width="470"] Мина го обожава Коста и бебињата, а љубовта е обострана, тоа можам да ви го кажам. Коста многу сака да поминува време со неа, а и Ана и Срна убаво реагираат. - Жељко со постарата ќерка Мина[/caption]
Јоксимовиќ: Коста многу убаво реагира на сестричките. Ги чува, помага околу хранењето, пресоблекувањето. Сака да учествува и да покаже дека е голем батко кој може да се грижи за бебињата. Се разбира, се трудиме вниманието рамномерно да го распределиме на децата, и да не се врти се околу близначките, затоа што Коста е сè уште многу мал. Во секој случај, весело ни е. Журката е главно во текот на појадокот, тоа треба да се доживее. Тешко ми е да раскажам. Денот поминува брзо, ноќта нешто побавно, но сите сме многу среќни и добро организирани.
Женски магазин - Како со три мали деца по дома се снаоѓа вашата сопруга Јована?
Јоксимовиќ: Подобро отколку што можев да претпоставам. Јована има помош од бабите и се снаоѓа некако. Јас се наоѓам исто така, и помагам што и да треба. Сакам да се занимавам со деца и уживам со нив. На почетокот беше комплицирано, околу капењето, пресоблекувањето, хранењето, заспивањето. Едното само што ќе заспие, другото ќе се разбуди и обратно. Но, сега сме во фаза кога веќе влеговме во шема.
Женски магазин: Дали вашата постара ќерка Мина ви помага околу близначките и околу Коста?
Јоксимовиќ: Мина го обожава Коста и бебињата, а љубовта е обострана, тоа можам да ви го кажам. Коста многу сака да поминува време со неа, а и Ана и Срна убаво реагираат. И се насмевнуваат, сакаат кога таа ги носи во раце, им пее, си игра со нив. Има ли поголема среќа?
Женски магазин - Дали ќе слушаме продолжение на проектот „Два света“, и со што ќе ја изненадите публиката во поскоро време?
[caption id="attachment_3313" align="aligncenter" width="542"] Мило ми е што целиот бенд „Рибља Чорба“ дојде на еден од моите концерти во Сава Центар во Белград, и дека за „Два света“ рекоа дека им претставува вистинско освежување. - Јоксимовиќ на концерт во Софија[/caption]
Јоксимовиќ: Проектот продолжува да живее, вклучувајќи и некои нови песни во репертоарот. Го слушаме вкусот на публиката и се трудиме за секого да има по нешто а време на тие концерти. Секој пат, публиката да излезе од сала задоволна и расположена, да им разбудиме емоција. Се надевам дека концертите „Два света“ пред Нова година ќе станат една убава традиција. Постојат уште многу интересни проекти на коишто работам, но не сакам да зборувам за нив додека сѐ не биде договорено до крај.
За Женски Магазин, Милица Џаровска