Моето дете оди на училиште наутро со насмевка и се враќа посреќно, вели еден Белграѓанин кој се преселил во Португалија поради неговата работа.
Така тој зборува за школството во таа земја на југот од Европа, а причината за тоа е што неговата ќерка оди во една од 230 школи во таа земја каде е покрената нова програма која им дозволува на професорите малку повеќе креативност.
-Си го поставивме прашањето што децата, но и ние како држава добиваме кога се заврши 12 години образование. Колку се подготвени на живот и работа тие совршени деца? Оттука ја покренавме и иницијативата во која им даваме прилична автономија на наставниците сами да ги поврзуваат предметите, практичната и теоретска настава. Да, на пример, децата учат за законите на физиката, но да им покажат додека се надвор, да видат конретен пример-вели за српски медиум Жоао Коста, државен секретар на Министерството за образование на Португалија.
Ова е само почеток на спроведувањето на нови мерки, а како признаваат во самото министерство, оди бавно и варира од школо до школо, но со доста успех. Образованието не е најсјајна точка на ова општетсво, но е се уредно и јасен план и стратегија кои ги имаат се нешто на што би можеле да се угледаме. Притоа не треба да заборавиме дека во таа земја демократијата стигнала пред 40 години, а со неа и вистинските први професори, така да школуваниот кадар долго време бил голем проблем за образовниот систем.
Училиштето во Португалија е задолжително. Трае 12 години и е поделено на четири дена - до четврто одделение со децата работи еден учител и тоа во најголема мерка го претставува она што ние го сметаме за предшколски и први години на образование, потоа одат два периоди кои претставуваат подготовка за средно образование која трае две години во текот на кои се избираат меѓу 300 различни насоки, вклучувајќи и уметнички. Школувањето е номинално бесплатно. Во голем број училишта храната се плаќа, и тоа зависно од материјалниот статус на родителите. Средната класа максимално дава 80 евра месечно за ужина на своите деца, а просечните плати се околу 1000 евра. Како што велат професорите, министерството го менува материјалот во голема мера, не од година во година, но како што се менува власта, така се менува и она што децата го учат. Секоја власт сака да остави свој печат во образованието, објаснува Ана Дуарте, директорка на образовната групација “Gil Vicente” од Лисабон.
-Постојат два видови на приватни и два видови на државни школи. Тоа се приватни школи кои се високо котирани бидејќи сами избираат кои ученици ќе ги примат, овие деца од економски и социјално добро стоечки семејства, и оние приватни школи во кои одат сите кои можат да ги платат, а во кои успехот на ученици не е пресуден. Слично се случува и во државните школи сега бидејќи постојат некои критериуми според кои децата се запишуваат. Иако, мислам дека во поглед на самиот квалитет на образование кое го нудат нема разлика помеѓу државни и приватни школи-додава Ана.
Програмите во училиштата се доста амбициозни, но моите деца уживаат и навистина добро се снаоѓаат. Образованието на Португалците им е навистина важно. Речиси секој свири некој инструмент, оди на пливање ...
Од ЕУ само корист
Со влез во ЕУ Португалија, како ни останатите членки, не морала да прави големи измени во образовниот систем.
-Школарствто во Унијата има голема автономија и нема некои обврзувачки правила. Припаѓање на оваа заедница многу ни донесува бидејќи имаме увид што другите работат, можеме да ги користиме нивните искуства и учиме едни од други и ова е најдобар начин на кој го збогатуваме нашето образование. Од ЕУ имаме само корист-вели државниот секретар,
Врсничко насилство
Насилството меѓу децата во училишта во Португалија постои, но не во физички поглед, на што сме навикнати во последните години.
-Проблемот е што нашите момчиња воопшто немаат идеја дека на пример да наречат некој со грдо име е облик на насилство. Тоа не е физичко, но е писхичко малтретирање. Но кога тоа ќе се случи и ние реагираме, децата не се ни свесни на својата агресија. Ние обично тогаш ги повикуваме родителите, но и тие често не му даваат значење на тоа. Генерално, ние и не сме конфликтна нација-објаснува директорката Ана.