,

ЕМОТИВЕН КОНЦЕРТ НА ПОП-ЅВЕЗДАТА: Каролина ја маѓепса публиката во МОБ

Добивај вести на Viber

Само за една од новите песни, текстот го напиша познатата актерка Весна Бејби Петрушевска, блиска пријателка на Каролина. Публиката во комплетна тишина уживаше во убавата балада „Будна“, и длабоката љубовна приказна во текстот која Каролина ја испеа со многу емоции. Публиката ја пречека со силен аплауз, и сосема заслужено а ја испрати на нозе, пеејќи го заедно со неа новиот хит, „Ѕвона“. Каролина Гочева и нејзините фанови успешно го скршија мразот на првиот, од седумте закажани концерти, сношти во МОБ. Песните од новиот албум „Извор“, беа повод за оваа емотивна вечер. Каролина за прв пат ги испеа пред јавноста, и доби зелено светло од присутните во салата. Публиката препозна дека поп-ѕвездата најави една топла и музички богата, зрела приказна, а тоа се песните од новиот албум. Никола Мицевски е комплетен автор на сите десет нови песни, а Весна Малинова на својот познат начин, обои со убавите стихови девет од нив. Само за една од новите песни, текстот го напиша познатата актерка Весна Бејби Петрушевска, блиска пријателка на Каролина. Публиката во комплетна тишина уживаше во убавата балада „Будна“, и длабоката љубовна приказна во текстот која Каролина ја испеа со многу емоции. Среќата на нејзиното лице се гледаше во текот на целиот двоиполчасовен концерт, но и во движењата и во танцот. Многу среќни лица имаше и во публиката. Од партерот во долните редови, концертот го следеше сопругот на Каролина, уметникот Михаил Корубин заедно со семејствата. Токму дело на Корубин, голем портрет од Каролина кој тој го насликал ја украси сцената и истиот тој портрет ја краси насловната слика на албумот „Извор“. Во вториот дел од концертот се испеаја хитовите од албумите „Македонско девојче“ 1 и 2, а Каролина со присутните сподели убава вест. Еден од нејзините соработници од „Авалон“ продукција, Филип Николовски, на концертот ја побара својата девојка за жена. „Ви благодарам што заедно со мене вечерва го пробивте мразот. Ако ви се допадна, дојдете пак. Имаме уште шест концерти“, рече Каролина за крај. Фановите ја испратија со силен аплауз, и повторно ја пречекаа на сцената, на бис, заедно со група талентирани млади пејачки, кои ја придружуваа во „Ѕвона“.
Каролина со мајката и со свекрвата Мајката на сопругот на Каролина, познатата дизајнерка Лиле Корубин, на својот фејсбук-профил објави слика со Каролина и со нејзината мајка, Светлана Гочева. „Среќни и задоволни“, напишаа таа под сликата.
За Женски магазин, Милица Џаровска