Skopje City Mall на 4ти октомври слави пет години од своето постоење и по тој повод организира неколкудневна богата програма исполнета со добра забава и активности. Откако ги отвори своите врати пред 5 години, овој трговски центар направи вистинска револуција во шопинг искуството и се постави како регионален лидер помеѓу трговските центри.
Од трговскиот центар најавуваат тридневен шопинг фестивал од 6ти до 8ми октомври, каде сите љубители на шопингот ќе можат да ги искористат големите попусти и да купуваат во продавниците на своите омилени брендови. На 7ми октомври организираат и Late Night Shopping кога продавниците во трговскиот центар ќе работат до полноќ. Истата вечер ќе се одржи и ултра-спектакуларно музичко шоу со најпознатите домашни изведувачи кои твореа и имаа хитови во 90-тите години. После полноќ ќе настапи реномираниот Dj James Zabiela. Низ ходниците на трговскиот центар ќе се одржи и една “модна потрага”, односно ќе се избере стилски најдобро облечените посетители.
Како и секогаш, така и овојпат од Skopje City Mall не ги забораваат и нивните најмали посетители, односно на 8ми октомври тие организираат Семеен ден со настап на Петко и бендот 5+.
Skopje City Mall за овие 5 години успеа да стане едно од најпрепознатливите обележја на модерно Скопје, најголем трговски центар со најдобрите странски и домашни брендови собрани на едно место и главно собиралиште на скопјани. Со една реченица, Skopje City Mall прерасна во успешна приказна и неизоставен дел од животот на секој човек.