,

Зошто останување во лош брак негативно влијае врз децата отколку разводот

Добивај вести на Viber

Понекогаш без разлика на најдобриот труд да го задржите бракот сигурен и сите тие позитивни намери да останете среќни, врската може да достогне токсична и штетна состјба. Одредена ситуација која би можела да дојде до точка кога лошиот брак управува и од децата прави жртви на најтрауматичниот начин, што подоцна може да доведе до емоционално недостапни индивидуи. Природно, разводот станува се почест.   Меѓуота, луѓето и понатаму се убедени во штетното влијание на разводот на децата. И за нивно добро и добро на семејството, одлучуваат да останат заедно. Децата се присилени да бидат дел од емоционални тензии на нивните родители и тивко страдааат надевајќи се дека се на крај ќе биде во ред. Осудени се да се соочуваат со дисфункционалното однесување на своите родители. Земајќи предвид дека детската чиста природа впива и лесно присвојува било каков вид на однесување, тие длабоко чувствуваат депресија и недостаток на интимност на своите родители.  
  1. Непрекинати тензии
Односот на нашите родители остава сериозно емоционално влијание на нас кое никогаш нема да избледи и ни дава примарна лекција за претстојните искуства во животот. Природно, еден од важните делови на детскиот развој е инкорпорирање и усвојување на однесувањето на оние кои им се блиски. Константната тензија може да биде покренувач на неколку емоционални, социјални и психички проблеми кај деца, како што е депресија, анкциозност или хроничен замор. 2. Нестабилна, пореметена верзија од себе Понатаму, оваа војна помеѓу родителите ќе се вкорени во детскиот ум. Ќе ја изеде детската самодоверба, ќе ја исцрпи животната енергија и ќе ги остави со малку или ни малку мир воопшто. 3. Страв од интимност Неподнослива траума евентуално ќе преовладее и ќе развие емоционално повредени млади индивидуи кои ќе бидат престрашени да се зближат со други луѓе. Интимноста ќе ги поттикнува сите тие болни трауми додека сведочеле на дисфункцијата на своите родители, така да ќе дадат се од себе како би избегнале емотивна врска за да не бидат повредени. 4. Проблеми со расположението Катастрофалниот брак произведува деца кои најверојатно ќе страдаат од сериозни проблеми во расположението, како што е дистимија. Ако овие проблеми не се третираат, лесно може да бидат покренувач на сите видови пореметувања на личноста како и злоупотреба на супстанцата. Земајќи предвид дека овие деца ги напушта оптимизмот и им недостига надеж во раните години, некои бракови ги присилуваат децата пребрзо да растат и да го изгубат своето детство.