За лицата што внимаваат на своето здравје, консумирањето храна богата со протеини и ниско ниво шеќери не претставува никаков новитет, но новина е протеинскиот леб на Жито Лукс. Без разлика дали се употребува за подготовка на сендвич или како прилог со салата или месо, овој леб одлично се вклопува во секоја комбинација
Протеинскиот леб сè почесто е тема на разговор, особено меѓу оние што тежнеат кон здравата исхрана и сакаат да ги подобрат резултатите од вежбањето или да успеат во намерата да ослабат. Поразличен е од обичниот леб примарно поради составот, но бидејќи е збогатен со семиња, нутриционистите препорачуваат да биде дел од секојдневниот план за здрави оброци.
Новиот протеински леб на најголемиот производител на леб и брашно во земјава, Жито Лукс има големото количество протеини и малото количество шеќери. Тој многу лесно се препознава, затоа што меѓу другото, има додатоци од црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква, кои го дополнуваат вкусот и неговиот нутритивен состав. Токму тие семиња, дополнително се заслужни за големите придобивки за здравјето од протеинскиот леб. Без разлика дали се употребува за подготовка на сендвич или како прилог со салата, месо или друг вид јадења, овој леб одлично се вклопува во секоја комбинација.
Постојат одредени јадења кои едноставно не се вкусни без леб. Сега, може да се ужива и во нив, без грижа на совест.