,

Им пружаат љубов и среќа: Ова се познатите личности кои посвоиле деца

Добивај вести на Viber

Рекордерки во посвојување на деца се Мадона која посвои четири деца и Анџелина Џоли која има три посвоени. Мишел Фајфер има биолошки син, но одлучила да усреќи уште едно дете... Чарлис Терон  Пред пет години Чарлис Терон (42) го посвои момчето Јексон (6) од САД, а девојчето Огуст (2) ја посвои во 2015 година. -Свеста за посвојување ја имав уште кога бев девојче. Кога имав 8 години ја замолив мајка ми „Однеси ме во сиропиталиште да посвоиме бебе“-рекла актерката. Мишел Фајфер Со сопругот, сценарист Дејвид Кели, Мишел Фајфер го има биолошкиот син Џон (23) и посвоената ќерка Клаудија (24). -Мразам кога некој нагласува дека таа е посвоена. Нема никаква разлика меѓу нив, и двајцата многу и еднакво ги сакам-рекла Фајфер. Никол Кидман Кога била во врска со Том Круз, парот ја посвои Изабела (24) и Конор (22). Тие по разводот останале кај актерот, а Никол Кидман изјавила дека е задоволна од тоа како Том ги одгледува. -Тие се прекрасни деца-рекла актерката. Мадона Поп кралицата Мадона во 1996 година ја роди ќерката Лоурдес, а во 2010 година синот Рос. Момчето Дејвид Банд  (11) и девојчето Мерси Џејмс (10) ги посвои во Малавија, а пред неколку месеци таму ги посвои и близнаците Естер и Стела (4). -Знаев дека ќе ме критикуваат поради објавата на книгата за сексот или бакнежот со Бритни Спирс на доделувањето на наградите, но никогаш не помислив дека ќе ме казнуваат поради тоа што сакам да спасувам детски животи-вели Мадона.   Сандра Булок Од јавноста најпрво криеше дека посвоила бебе од Њу Орлеанс, а сега со задоволство раскажува колку синот Луис (7) и го променил животот. -Пред Луис не знаев што е тоа љубов, не знаев што е тоа недостиг на сон, што е навситина важно во животот - вели Сандра Булок (53) која после тоа ја посвоила и Лаила (5). Анџелина Џоли Актерката Анџелина Џоли (42) пред да го запознае Пред Пит (52) како самохрана мајка го посвои момчето Медокс (16) од Камбоџа. Со актерот подоцна го посвоија и девојчето Захра (12) од Етиопија, а во 2006 година го роди девојчето Шилох. Од Виетнам во 2007 година го посвои момчето Пакс (14) а во 2008 година ги роди близнаците Вивиен и Нокс.