ИНТЕРВЈУ ДАНИ: Моите родители ме научија да слушам со срцето

Добивај вести на Viber

Моите родители само имаат оштетен слух. Меѓусебното разбирање не секогаш побарува совршено здраво уво. Тоа ме учеа во детството. Фала богу што било така, преку нив научив да разбирам со срцето. Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите. Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии. Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат. Песните со оригинални текстови во кои секој се пронаоѓа, специфичната интерпретација, имиџот, сексапилот во умерени дози се нејзиниот заштитен знак. Рокерка во душа која кариерата ја започна на поп-фестивалот „Макфест“. „Најдобра до сега“, „Не живеам за другите“, „Црно на бело“, „Слободна песна“ се дел од песните кои ја раскажуваат нејзината бунтовност од една страна и емотивната природа од друга. Мајка е на 17 годишниот Лазар, и среќно вљубена во својот партнер чије име на сакаше да го открие. Дани Димитровска на 13 ноември ќе слави уште една љубов, „Љубов за градот“. Во МКЦ во Скопје, токму на роденденот на градот, ќе го промовира новиот албум. Во муабетот за „Женски магазин“, Дани зборува за тоа што ја научиле родителите кои се со оштетен слух, што таа го учи својот син, и кои пораки очекува од публиката да ги разбере по преслушувањето на албумот. Женски магазин - Како ќе се вика новиот албум, колку време работевте на него, каква музика нуди, каква порака праќа? Дани - Албумов во кој две ипол години останавме внатре како во фино адаптирана со пет ѕвезди пештера (што од комодитет, што од не знаеме како сега од ова чувство, надвор), се вика Град за љубов. Му ставивме точка, тогаш кога моравме да прифатиме дека еден ден ќе мора да се стави точка. Секогаш постои оној иритантен порив а што викаш ова да го направиме вака, кој ни правел застои. Во моментов ова е најдоброто од нас без насилно, вештачки и претенциозно туркање да направиме повеќе од тоа што сме. Можеме и така, но тогаш албумот би излегол по 10 години од сега и не би се сеќавале на процесот, низ што сме поминувале како чувство, за да дојдеме до тоа. А поентата меѓу другото е, да си го бележиме зреењето. Да го набљудуваме реализирањето, да учиме низ него. Како и претходните албуми, така и овој е протече од Весна Малинова Бабамов – композитор и текстописец, Кирил Бабамов – аранжер и продуцент, снимање миксање и мастеринг беше во „XL студио“ на Дејан МомировскиАлбумот содржи музика што обединува, не двои. Пее за суштински заборавени вредности – за љубовта, за луѓето, за градот, за срцето. За тебе и за мене. За нас. За еднина. За целина. За Скопјево, моево, нашево, дека љубов ми е. Прва. Женски магазин - Датумот на промоцијата е симболично избран, 13 ноември, денот на ослободувањето на Скопје. Кој дел од Скопје и луѓето во Скопје ги сакаш, а што би сменила или би избришала од него да можеш? Дани - Да, на 13ти ноември ќе се случи промоцијата на албумот Град за љубов“, а симболиката со тој ден е очигледна. Имам песна од албумот која е пуштена во етер, се вика Нема две во неа звучно и визуелно е објаснето се. Би го одземала загадениот воздух. А ми недостига коцката на плоштад, ако бараме објекти носталгично. Потоа, сладоледџијата на Рекорд за 5 денари топка и Универзална сала. А луѓето насмеани, дотерани, сочувствителни, без нагон за гнев со единствен поглед во телефон. Емотивната компонента за Скопје ми е припадност. Така би сакала и за другите. [caption id="attachment_4068" align="aligncenter" width="640"] Од Скопје ми недостига коцката на плоштад ако бараме објекти носталгично. Потоа, сладоледџијата на Рекорд за 5 денари топка и Универзална сала[/caption] Женски магазин - Во време кога социјалните мрежи и Јутјуб се главна промоција на нова музика, што за тебе ќе претставува успех по промоцијата на албумот? Дани - Да бидам чувствено разбрана, макар била разбрана од мала скромна група на несфатени луѓе. Ако во таа група на несфатени има и медиуми тогаш имаме кец на десетка. Истите тие да бидат инспирирани и потсетени за вредностите кои сме ги зашуткале лево-десно, поради наметнати глупости. Веројатно клучот е во вистинската цел, односно зошто се занимавам со оваа професија со која се занимавам. Се слушам. Имам верба и уште цел живот за трошење. Немам што да изгубам. Успех може да биде многу што, зависи од апетитите. Женски магазин - Која твоја песна најдобро те опишува? Дани - Овој албум опишува емотивна состојба која секој ја доживеал или доживува. Но, некој ја спопикал во црева, некој несвесно од немоќ ја обликува во гнев према другиот, некој не е ни свесен дека ја доживува, а ние вака сме ја изразиле, за вака знаеме. Тежи суштински пораки, албумот. Треба да се пречуе, вака само правиме муабет на празно. 13 ноември е денот. Женски магазин - Порасна со родители кои се со оштетен слух. Како ти како дете се носеше со таа состојба? Дали потешко се разбравте, и имаше ли реакции од луѓе кои ти пречеа или те повредуваа? Дани - Моите родители само имаат оштетен слух. Меѓусебното разбирање не секогаш побарува совршено здраво уво. Тоа ме учеа во детството. Фала богу што било така, преку нив научив да разбирам со срцето. Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите. Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии. Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат. Денес како прави пензионери, кога ги посетувам, гледам остарени лица што играат карти во дневна со пиво на маса. Тие насмеани, јас уште повеќе. [caption id="attachment_4067" align="aligncenter" width="640"] Музичката сцена, таа е за истакнување, љубовната заради сеири и читаност е секогаш на врвот, не и треба билдање[/caption] Женски магазин - Пред да те гледаме на домашните фестивали, како почна твојата музичка кариера? Дани - Мојата кариера буквално започна на музички фестивал. Пред тој фамозен настап, си потпевнував на патронати во школо. Пеењето во бања пред огледало не го сметам. Женски магазин - Имало ли ситуации кога си морала да настапуваш по локали со музика која не ти е блиска, за џепарлак или за живот? Дани - Музика која не ми е блиска? Не. За останатото, среќна сум што заработувам од професијата која ја сакам. И тоа за џепарлак и тоа за живот е подобро од милиони што доаѓаат од работа со презир. Женски магазин - Колку години има сега твојот син Лазар, за што е талентиран? Дани - Има 17. Игра кошарка, добар е со електронски уреди и се труди да свири гитара. На мојата. Не сака своја. Убаво ми е така иако го карам што ја зима. Разговор помеѓу умот и срцето – во моментов. [caption id="attachment_4065" align="aligncenter" width="686"] Албумот „Град за љубов“ опишува емотивна состојба која секој ја доживеал или доживува. Треба да се пречуе, 13 ноември е денот.[/caption] Женски магазин - Во последниов период, јавноста малку знае за твојот љубовен живот. Дали стана потаинствена и повнимателна во чувањето на приватноста? Дани - Ниту таинствена, ниту внимателна. Ни порано, ни сега. Тоа во домашен разговор, се нарекува криење. А криење и љубов не одат во иста реченица. Едноставно одбивам да раскажувам нешто што е природно и од интимен карактер. Се чувствувам како да нема инспиративни теми поради кои постоиме на сценава. Музичката сцена, таа е за истакнување, љубовната заради сеири и читаност е секогаш на врвот, не и треба билдање. За љубов не треба најава со сензационален наслов ниту PR. Ниту подготовка. Едноставно се случува и фала богу што е така. Нека живее. [caption id="attachment_4064" align="aligncenter" width="640"] Криење и љубов не одат во иста реченица. Едноставно одбивам да раскажувам нешто што е природно и од интимен карактер.[/caption] Женски магазин - Слушнав дека си среќно вљубена, ќе ни откриеш ли кој е твојот нов партнер, каков е и со што те освои? Дани-Освоена не сум, тој термин за територии ми е резервиран. Партнерот ми е прекрасен, затоа ми е партнер. За Женски Магазин, Милица Џаровска Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин