Интервјуа // Интервјуа
Интервју Дина Муцунска: Душевен дом најдов во „Манастир“
Таа е генерален менаџер на Хотел Манастир, Берово. Верна на традиционалните вредности, настојува да ги пренесе и како светоглед на своите деца. Мајка на момче и девојче, постојано балансира на линија нивен другар, но и граница преку која нема премин. Времето е ресурс кој секогаш го користи мудро. Визионерството и стратегијата се алатки со кои го крои успехот. Ги сака планините и настојува да придонесе кон релацијата на луѓето со природата. Дафинка Дина Муцунска, за Женски Магазин раскажува за приоритетите, но и миговите на среќа кои даваат посебен сјај на животот.
Женски Магазин Што беше пресудно за вас да ја прифатите одлуката да го менаџирате хотелот Манастир?
Дина Муцунска Хотел Манастир е семејна инвестиција. Додека тој се создаваше, јас сосема спонтано се вклучив во организацијата на неговата работа. На почетокот тој беше мал, а јас неискусна во полето на хотелиерството, но се развиваме и растевме заедно. И по вложување на многу труд, љубов и посветеност, на целиот негов тим, нашата приказна се здоби со одличен развоен тек, па од денешна перспектива, можеме со гордост и задоволство да ја наречеме успешна.
Женски Магазин Кои се вашите приоритети како жена претприемач?
Дина Муцунска Мудро организирање и користење на времето и поставување на приоритети; задоволни, совесни и само-иницијативни вработени… и не само затоа што навистина ме засега луѓето од тимот со кој раководам, да бидат среќни и задоволни, туку бидејќи и нивното задоволството, во услужени бизниси како хотел и туристичка агенција, директно се рефлектира врз задоволството на гостите/клиентите; константно внесување на мали дози на новини, за кои анализата покажала дека ќе вродат желба кај постоечките и потенцијалните клиенти и се материјално достапни за нив; континуирано подобрување на услугата и понудата; оптимизирање на оперативните трошоци…
Женски Магазин Кое се вештините на кои секој кој посакува успех, треба да работи?
Дина Муцунска Прецизна и јасна комуникација; визионирање и смисла за стратегија; фокус и детерминација на целите; постојано оптимизирање на ресурсите и трошоците; силна смисла за анализа на силните и слабите страни, можностите и опасностите; посветеност на ефикасност и продуктивност; умешност во наоѓање начин за мултиплицирање на финансиските средства; менување и приспособување согласно околностите.
Женски Магазин Како вообичаено изгледа вашиот работен ден? Со кој ви почнува утрото? Каде ја наоѓате вашата дневна инспирација?
Дина Муцунска Денот почнува во 6:30 со будење на децата за да се подготват за училиште. Утрото е опсипано секогаш со љубов. Помислата дека еве се буди уште еден ден, а јас имам причина да станам и да му се радувам, бидејќи децата ми се здрави и среќни, а јас го вреднувам тоа повеќе од се и дека имам можност да создавам за нивен поубав и поквалитетен живот, за мене е најсилната инспирација во моето живеење. Потоа следат обврските, по дневниот распоред, направен претходниот ден, кој е најчесто со многу набиена агенда од содржини. Покрај работните обврски, подготовката на ручек за децата е секогаш приоритет. А доколку успеам да искомбинирам и час/два паралелно работа и спортски активности, бидејќи паметните телефони денеска ја даваат таа можност, па канцеларијата е таму каде што сме ние, веќе имам совршено исполнет ден.
Женски Магазин Колку патувањата на релација Скопје - Берово, знаат да бидат напорни? Дали секојдневно ја поминувате оваа релација?
Дина Муцунска Не патувам секојдневно. Природата на мојата работа не го бара тоа од мене. Времето мора да се користи најефикасно и најпродуктивно, бидејќи со сите поставени цели и приоритети, денот од 24 часа, од одамна е веќе многу кус. Инаку патувањето Скопје – Берово, не ми претставува никаква потешкотија, толку сум навикната на него што дури и ме релаксира. А пак самата помисла со која цел патувам, му дава сосема друга димензија на патувањето. Особено кога веќе наближувам и возам по Малешевските Планини, кои се вистинска убавина, ми ја растреперуваат душата наговестувајќи дека сум веќе блиску до мојот душевен дом, како што си го доживувам хотел Манастир и Берово.
Женски Магазин Кои се вашите лични предизвици надвор од вашиот професионален делокруг?
Дина Муцунска Лични предизвици надвор од професионалниот круг на хотел Манастир, ми се други две професионални можности на кои периодов интензивно работам. Тоа се туристичката агенција „Манастир“ и експертските ангажмани и консултантството од областа на туризмот, угостителството, хотелиерството и услугата. Агенцијата е нова, но зад неа стои моето големо искуство во туризмот, па веќе успеавме да создадеме круг на лојални клиенти, кои ни ја дадоа својата доверба. Во однос на експертските ангажмани и консултанството, кои ми се поле каде што можам исклучително многу да дадам, бидејќи сум профил кој обединува и искуство од пракса и формално и неформално образование, чувствувам дека допрва ќе се развива свест, за потребата и бенефитите од вакви услуги и можностите кои тие ги нудат. Најголем личен предизвик ми е сепак воспитувањето на децата, со надеж дека ќе успеам да создадам основа кај нив врз која тие понатаму ќе се градат како здрави, среќни, задоволни, успешни и општествено културни индивидуи.
Женски Магазин Каква е Дина како мајка? Вие сте мајка на момче и девојче. Како ги воспитувате? кои се вредностите кои сакате да ги почитуваат?
Дина Муцунска Мајка сум од доста млада или пак мала