Интервјуа // Интервјуа
Интервју Ивана Џолева: Микродермоабразија му дава на лицето здрав и младешки изглед
Негата на лице е се почеста потреба денес. Брзиот живот и големите надворешни фактори како што се стрес, професионална шминка, секојдневна шминка, загадениот воздух се само дел од влијанијата за виталноста на кожата на лицето.
Салоните ги нудат своите третмани со цел да се заштити предвременото стареење на кожата, да се врати изгубениот сјај и еластичноста на кожата со разноразните техники како и современата технологија присутна на козметичкиот пазар.
Она што го задржа нашето внимание е третманот Микродермоабразија, каде по неговото користење бенефитот е доста очигледен, а воедно заменува и подлегнување на естетски зафати како што се Ботокс, пластична операција, пеглање на брчки и слично.
Денес зборуваме со Ивана Џолева, од козметичкиот салон ,,Flower of life“ која е сертифициран козметички терапевт, која со задоволство ни раскажа повеќе околу овој процес за сите дами и читатели на Женски Магазин.
„Flower of life“ е козметички салон кој што се наоѓа во Центар, комплетно уреден по светски високи критериуми, пријатен амбиент и одличен професионален тим, високообразован. Нивната цел е да ја надминат конвенционалноста, да постават нови параметри и стандарди во создавањето на еден професионален салон за убавина и здравје во секоја смисла на зборот.
Покрај микродермоабразијата, нудат и други третмани и услуги како што се различните масажи, нега на нокти, СПА капсули, третмани за слабеење и лице и уште многу други.
Женски Магазин Најпрво мора да Ве пофалиме за прекрасниот салон, кој навистина се одвојува по многу нешта. Раскажете ни за почетоците на вашата успешна приказна во областа на козметиката.
Џолева Нашето долгогодишно искуство го имплементиравме во нашиот салон. Тој е склоп на идеи и искуства со што доаѓаме до една балансирачка средина која недостасуваше во скопските салони, и кој ќе го надмине класичниот стил на салони за убавина. Кога се работи за козметика за лице како и кај секој останат третман, пробуваме да создадеме нешто најквалитетно но исто така да одговара на стандардите во кој живееме. Професионалната спрема, подготвеност и обука се многу важни фактори исто колку и професионалните брендови со кои работиме. Тоа се секогаш светски козметички познати брендови и во самиот врв по квалитет што го нудат.
Женски Магазин Нудите доста голем спектар на третмани, но нашето внимание денес го задржа третманот „Микродермоабразија“ . Што е микродермоабразија?
Џолева Микродермоабразија е неинвазивна и нехемиска процедура која го отстранува последниот слој на мртви клетки, давајќи му на лицето здрав и младешки изглед.
Женски Магазин Да се негува кожата на лицето има свој бенефит, кожата е поздрава и еластична но и го забавува нејзиното стареење. Кој е бенефитот со користење на овој третман и со кои разлики се соочуваат вашите клиенти по микродермоабразијата?
Џолева Кожата секојдневно е изложена на најразлични надворешни влијанија кој ја оштетуваат. Третманот со м.д.а може да помогне во намалувањето или елиминирањето на брчките и фините линии, лузни од акни, старечки флеки и пигментација. Го стимулира производството на колаген и подмладува, ја зголемува циркулацијата и лимфниот проток кој го подобрува внатрешното здравје на кожата.
Женски Магазин Која возраст е најпожелна за да се започне со користењето на овој третман?
Џолева Нема специфична возраст за м.д.а, вообичаено за млади по пубертет до 65 години. Иако не постои возрасна максимала, зрелата кожа над 70 годишна возраст може да има мал ризик од модринки, подливи и кожни абразии.
Женски Магазин Велат дека за убавина некогаш се трпи, дали овој процес на разубавување е болен, и дали се појавуваат некогаш несакани ефекти?
Џолева- М.д.а не е болен процес, затоа не е потребно никаква анестезија. Можно е мало чувство на пецкање и топлина на лицето. Негативни и несакани ефекти на м.д.а се многу ретки и не треба да се појават кога целата процедура е правилно извршена.
Женски Магазин За кои типови на кожа е погоден овој третман?
Џолева- Овој третман се препорачува за клиенти со кожа со фини линии или брчки, старечки дамки, пигментација, проширени пори и со плитки лузни од акни.
Женски Магазин Што се користи од козметички алатки со нанесувањето на овој третман?
Џолева- Дијамантската м.д.а не користи кристали за ексфолијација. На алатката за дијамантска м.д.а се ставаат најразлични модели кој се по јачина од ситни до крупни во зависност од типот, дебелината и цврстината на кожата. М.д.а работи на принцип на вакуум, каде што се собира целосната нечистотија од ексфолијацијата и воедно се прави лимфна дренажа на лицето.
Женски Магазин Покрај микродермоабраз ијата, нудите и доста голем избор на други третмани во вашиот салон. Што највеќе бараат дамите од третманите за лице во вашиот салон?
Џолева- Со оглед на тоа на какво поднебје живееме, може да се каже дека секоја жена се соочува најчесто со слични проблематики. Поради сувата клима најчесто кожата дехидрира и затоа би го издвоиле третманот за хидратација како најчесто баран.
Женски Магазин Кои се вашите совети за негувана кожа?
Џолева- Редовни третмани и одржување на лицето со козметика која одговара на типот и состојбата на кожата. Но и да се запазат и природните процеси и потреби на лицето. Како што е пиење вода, здрав живот и исхрана, спортување, убав сон и убава мисла.
Женски Магазин Каде би можеле да ве најдат нашите драги читателки?
Џолева Нашиот салон се наоѓа на улицата Никола Тримпаре 31/1 во Скопје, а за сите подетални информации можат да не посетат и на нашата официјална веб страна http://floweroflife.mk.
За Женски Магазин, Нина Беадер
Fb strana : https://www.facebo ok.com/BeaderHristina/
Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/