ИНТЕРВЈУ СО БАЛЕРИНАТА КАТЕРИНА СТЕВКОВСКА: Павле е мојата сродна душа

Кога ќе се спојат две уметнички души, енергија, страст, талент и желба се добива совршената уметност. Кога под отворено небо, во атмосфера на шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни ќе слушнете како човекот кој ви значи премногу ви се заблагодарува и јавно ви искажува љубов–тогаш едноставно знаете дека љубовта нема граница, раскажа Катерина за својот партнер. Уште како дете на седум годишна возраст не престанала да танцува околу куќата и во дворот, а кога на 9 години се запишала во балетско училиште, веќе знаела дека балетот ќе биде нејзината идна професија. Со завршена балетска академија на ФМУ, Катерина Стевковска е балетски професор и репетитор, со 25 годишно искуство како професионална балерина во МОБ и сопственик на балетското студио „Реверанс“. Предава по руската методика Ваганова, која е најпрестижен метод во светот. Приватно, таа е мајка на две деца. Нејзина сродна душа е нејзиниот партнер, оперскиот баритон Павле Камилоски. За Женски Магазин Катерина ја раскажа својата балетска, мајчинска и љубовна приказна. 

 Кога го запознав Павле, сфатив дека ја најдов енергијата која ме исполнува – го најдов делот од мојата душа кој недостасуваше.

Балетот е навистина напорна работа. Тоа не значи само цел ден интензивни проби, крвави плускавци од балетските чевли и засекогаш лишување од вкусни јадења. Постојано сме изложени на притисоци, немилосрдното темпо на животната средина со цел да се постигне совршено тело, движење, техничка фигура, уметнички израз, и многу повеќе. Во театарот ние влегуваме многу млади, емоционално и психички неподготвени и затоа понекогаш имаме чувство дека губиме контакт со реалноста. Но, кога во еден момент, на сцената ќе ја забележите магијата во светот на различните улоги, шарени костими, тогаш сите болки и тешкотии исчезнуваат и го добивате она што јавноста го гледа и чувствува – енергија, светлина, насмеани лица на балерините“, ни раскажа Катерина. Сега, со 25 годишно искуство како професионална балерина во ансамблот на МОБ, смета дека како и во секоја професија, така и нејзината бара одредени жртви. Но, за да се биде еден успешен и квалитетен балетски играч, за Катерина значи и многу вложување труд и големо посветување на професијата. „Самата професија е иста и како спортот, наложува секојдневни вежбања и учење. Се разбира за тоа - клучен е талентот, тие две работи одат заедно. Од огромна важност е и моралната поддршка што ја добивам безрезервно од моите деца“, додаде таа. За балетот, никогаш не размислувала како за слободна активност, тој за неа како дете бил предизвик со кој сакала да се запознае, да го научи и да го усоврши до крај. 

 Уште една голема љубов на Катерина е и работата со нејзините мали балерини во балетското студио „Реверанс“.

Јас сум мајка на две деца, а со тоа и моите приоритети во моментов се променети. Сепак, добро е што низ текот на животот научив да бидам упорна и да не се откажувам така лесно од она што го сакам, така што со многу сила, енергија и љубов успевам да направам баланс и покрај професионалните обврски да бидам и успешна како мајка.“, раскажа Стевковска за своите деца. Со емоции и на уметнички начин, таа ја опишува љубовта со својот партнер, баритонот Павле Камилоски. Уште од почетокот на времето, човечките суштества копнееле по својата друга половина, која им недостасувала за да бидат целосни. Во дијалогот на Платон, Аристофан го раскажува митот кој ја објаснува причината за чувството на нецелосност и потребата од друга половина. 

Кога го запознав Павле, сфатив дека ја најдов енергијата која ме исполнува – го најдов делот од мојата душа кој недостасуваше. Кога станува збор за љубовта помеѓу мене и Павле - секогаш ме води мислата дека хемијата меѓу две личности никогаш не може да се избрише.“  

 Изминатово лето, Камилоски испеа дело со посвета на Катерина, на концертот „Мала Италија патува“, кој се одржа на плоштадот „Мајка Тереза“ во Скопје. Мала Италија патува“ е плод на нашата љубов. Кога ќе се спојат две уметнички души, енергија, страст, талент и желба се добива совршената уметност, Мала Италија патува“. Кога под отворено небо, во атмосфера на шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни ќе слушнете како човекот кој ви значи премногу ви се заблагодарува и јавно ви искажува љубов–тогаш едноставно знаете дека љубовта нема граница, раскажува Катерина за тој посебен момент. За неа е тешко да одбере една омилена изведба од Павле, но оние кои се посветени на неа и најдрагите, а тоа се: „Caruso“, „Core ´ngrato (CatariCatari)“, „Autumn Leaves“, „Can’t help falling in love“.

  Бидејќи Павле е мојата сродна душа, нашето време заедно е исполнето со разновидни активности кои заедно не исполнуваат. Тоа подразбира дружење со заеднички пријатели, семејство, професионални подготовки, проекти, уживаме во балетски и оперски претстави, патувања. Она што не отсликува како уметнички души е и натпреварувачкиот дух, па јас и Павле знаеме често да се пресметаме во кујна и да се шегуваме кој подобро и повкусно готви. Секако, најправедното жири се нашите пријатели и Раде и Марко“, со љубов раскажа Катерина за слободното време со својот партнер. Уште една голема љубов на балерината е и работата со нејзините мали балерини во балетското студио „Реверанс“.

Честопати како професионална балерина ми се случуваше во животот жестоко да го критикувам образовниот систем кога станува збор за балетот и усовршувањето на балерините. Сега, и јас се најдов на другата страна на огледалото, па имам можност да го коригирам она што мене ми беше недостаток. Мојот начин на работа е базиран на мотивација, бидејќи таа е еден од најважните сегменти кај децата. Програмата на балетското студио „Реверанс“ е во согласност со општествените заложби во насока на признавање и поддршка на талентираните деца и задоволување на нивните специфични потреби и создавање услови за оптимален развој на нивните балетски потенцијали, а ја спроведуваат дипломирани балерини едуцирани за работа со деца.“, раскажува Катерина. Програмата на балетското студио се приспособува на секое дете со индивидуален пристап. Знаењата и вештините кои ќе ги стекнат, ќе им овозможат да ги совладаат основите на класичниот и модерниот балет, да ја изградат самодовербата и навиките, да се дружат, со еден збор, да уживаат во музиката, што е всушност, целта на балетот“, додава таа. Изведбата пред публика на вистинска сцена е суштински дел на балетот и музика, па заради тоа се планирани и завршни концерти на крајот на учебната година. Чувството на задоволство во прикажување на научените движење на сцена, за Катерина е од суштинско значење за секој кој се занимава со музички уметности и балет, а особено кај децата бидејќи нивниот прв голем перформанс останува засекогаш запомнет како големо искуство и континуиран поттик и мотивација за работа. 

 „Од друга страна, чувствувам дека моето време во работата со деца допрва доаѓа. Секако планирам да работам на развивање и доусовршување на програмата во балетското студио „Реверанс“, и да им помогнам на децата да ги осознаат бенефитите од користењето на танцот и музиката.“

Моите почетоци во балетот би ги поистоветувала со летањето – Ако некогаш посакате да летате и да се чувствувате божествено , а да сте на земја, посакајте да бидете балерина.[/caption] Разговарајќи за искуството како педагог, Катерина се сеќава и нејзините почетоци и најзначајни настапи. Бидејќи сум вработена во Македонска Опера и Балет, со 25 годишно искуство како солист, и балетски педагог / репетитор, репертоарот на настапи кои ги имам изведено е преголем и значаен за да одберам еден настап. Карактерно сум динамична и темпераментна, па затоа ги сакам сите карактерни ликови во претставите кои го отсликуваат и мојот дух. Моите почетоци во балетот би ги поистоветувала со летањето – Ако некогаш посакате да летате и да се чувствувате божествено, а да сте на земја, посакајте да бидете балерина. Како и да е, посветеноста и инсистирањето на мајка ми, беше пресудно за да се одлучам за оваа професија.“, изјави Стевковска. Таа додава дека според една изрека на Алберт Ајнштајн, животот е како возење велосипед, за да го одржиш балансот, мора да продолжиш да возиш и да одиш напред. „Секогаш имам разбирање од најблиските, кога требаше и помош од родителите, а другото е повеќе потреба, влог, заложба. Можам да кажам дека сум реализирана личност, се чувствувам задоволно и на приватен и професионален план. Секако, имам желби и планови за во иднина, но повеќе сакам да зборувам за нештата кога се завршени“, вели таа. Секој уметник по секоја изиграна претстава се чувствува истрошено, но задоволно. За Катерина, огромна работа е да се биде во контакт со публиката. За време на својата кариера, таа вели дека научила да се справи со различни видови на замор и исцрпеност. Преживеала пет операции на колено, но важно и е дека сè уште можам да се соочи со новите предизвици. За крај, шармантната уметница ги раскажа своите идни професионални планови, и планови на нејзиниот партнер. Имаме изненадување за наредната година, тоа се два проекти на кои уште од сега работиме интензивно и за нив ќе ви кажам нешто повеќе во блиска иднина. Најновиот проект е за десетина дена, каде што Павле настапува со проширен репертоар и публиката ќе има прилика да го види во ново светло. Ве поканувам на 25-ти ноември (сабота), во винскиот бар и ресторан „Форца“, самите да ја доживеете музичката убавина која јас секојдневно ја доживувам со Павле.“ За Женски Магазин, Милица Џаровска