ИНТЕРВЈУ СО ИВАНА НОЛЧЕВА: Мисирко ме полни со позитивна енергија

Добивај вести на Viber

Не се плашам од предизвици. Напротив, со задоволство ги прифаќам. Во принцип сум жена што не се откажува и сакам да ги истерам работите докрај. Учам од новите искуства и секогаш се трудам да го дадам максимумот, вели Нолчева која покрај тековната работа како пи-ар во тимот на „Авалон Продукција“, во моментов е фокусирана на концертната промоција на новиот албум на Каролина Гочева [caption id="attachment_15918" align="aligncenter" width="655"] Ме исполнуваат насмеаните лица по секој наш концерт. Тоа е најискрениот показател дека добро сме ја завршиле работата“[/caption] Женски Магазин * Како Ви почнува денот? Ивана - Јас сум личност што сака да си поспие. После неуспешното будење од трите аларми, првото кафе го пијам буквално „од нога“. Второто кафе е она вистинското и го пијам со моите драги колеги пред колегиум, додека се договараме за активностите во текот на денот. Кафето со колегите ми претставува особено задоволство, затоа што покрај тоа што заедно работиме, ние сме и приватно блиски. Покрај компјутерот и тефтерот, шолјата со кафе ми е задолжителен предмет што постојано стои на моето биро додека работам и додека ги следам актуелните вести и настани. [caption id="attachment_15919" align="aligncenter" width="653"] Селфи“ со Стинг кој лани првпат гостуваше во Скопје[/caption] Женски Магазин* Вашата работа е динамична и возбудлива. Што Ве мотивира најмногу? Ивана - Сакам постојано да сум активна и да се надградувам. Не се плашам од предизвици, туку напротив- со задоволство ги прифаќам. Во принцип, јас сум жена што не се откажува и секогаш сакам да ги истерам сите работи докрај. Учам од новите искуства и секогаш се трудам да го дадам максимумот од себе. Ме исполнуваат задоволството и насмеаните лица на публиката од секој наш концерт по неговото завршување, бидејќи тоа е најискрениот показател дека добро си ја завршил работата и ти даваат мотив следниот концерт да го изработиш уште подобро. Со голема возбуда влегувам во секој нов проект што ни следи во текот на концертната сезона- од начин на работа па сè до неговата реализација. Затоа навремено, многу прецизно и внимателно сите од тимот на „Авалон Продукција“ посветуваме внимание на секој детаљ кој се бара од нас, бидејќи кога ќе дојде ден на концерт мора да сме максимално подготвени и не смееме да си дозволиме да има било каква грешка. Артистот и неговиот тим секогаш треба да си заминат оттука задоволни и доколку постои прилика, да дојдат повторно во нашата земја. А такви прилики имало многу. Токму поради тоа „Авалон Продукција“ е водечка компанија во музичкиот бизнис во Македонија и една од најголемите и најуспешни промоторски куќи на Балканот. [caption id="attachment_15921" align="aligncenter" width="668"] Ивана со колегите од „Авалон“, Каролина Гочева и „Тивери корпорејшн“[/caption] Женски Магазин* Во моментов сте фокусирани на претстојните концерти во МОБ на Каролина Гочева. Што друго подготвува тимот на „Авалон“? Ивана - Покрај мојата тековна работа како пи-ар во тимот на „Авалон Продукција“, во моментов со големо задоволство работиме на концертната промоција на новиот албум на Каролина и искрено, со нетрпение чекам да се случат концертите во Македонската Опера и Балет што ќе ги имаме кон крајот на овој месец. Впрочем, со концертите на Каролина и стартува концертната сезона на „Авалон“ за оваа година. Активно работиме и на нови материјали со нашите нови ексклузивци Funk Shui. Паралелно, со полна пареа работиме на концертите што ни следат, како и на фестивалите „Скопје колинг“и „Охрид Колинг“ кои навистина бараат комплетна посветеност. Но сепак, кога работиш со вистинскиот тим, сè е многу полесно. Годинава ќе биде сè во знакот на нашиот јубилеј, 25 години од постоењето на нашата компанија и навистина нè чека многу работа. Публиката нека се подготви за многу нови изненадувања во периодот што следи, бидејќи дефинитивно вредниот тим на „Авалон“ ќе се надмине со концерти во 2018-та. [caption id="attachment_15923" align="aligncenter" width="658"] Фотографија за спомен со „Продџи“[/caption] Женски Магазин* Колку професионалните ангажмани Ви оставаат простор за себе? Како го минувате слободното време? Ивана - Нашата работа реално, нема фиксно работно време бидејќи постојано сме активни во текот на целиот ден и во комуникација со агенти и менаџери. Особено кога ни следи некој голем проект, повеќе време поминувам во сала или на стадион отколку дома. Но кога сум послободна, вечерите сакам да ги поминам со моите блиски и опуштено. Се трудам да имам исполнет социјален живот, уживам во дружбите со пријателите и во игрите со моето куче кое постојано ме смее и ме полни со позитивна енергија. Има и онакви вечери кога ми е потребен и мир, задолжително со чаша добро вино и се разбира, со музика. Имам среќа што имам вистински пријатели покрај себе, што имам работа од соништата и постојано што сум опкружена со позитивни лица. Викендот, пак, ми е резервиран исклучиво за семејството, дружбите со моите пријатели во домашна атмосфера или во некое од омилените места каде што се движиме и се разбира, долгите прошетки во Градскиот парк со мојот миленик Бардолф, кој сите го познаваат како Мисирко (се смее). Љубител сум на добрата книга, но, во последно време, се разбира кога немам обврски, почесто им посветувам време на сериите и станувам сè повеќе зависна од нив. Да живее „Нетфликс“! За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов