Интервју со Катерина Котлареска Манеска: Жените лидери имаат формула за успех

Добивај вести на Viber

На 28 ноември во Скопје ќе се одржи конференцијата „100 жени претприемачки“. Ова ќе биде посебно инспиративен ден за сите жени. На оваа конференција ќе присуствуваат жени коишто се сопственички на свој бизнис и жени кои имаат неограничени претприемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор. Тие во живо ќе ги споделат мотивационите животни приказни, преку кои ќе откријат како неуспехот го претвориле во успешна формула. За овој мошне интересен настан, разговараме со Катерина Котлареска Манескaсопственичка на Kasia Event, организатор на „100 жени претприемачки“ Женски Магазин - Што би можеле да очекуваме од Конференцијата „100 жени претприемачи“? Катерина- Забава, инспирација, мотивација, вмрежување–овие четири лозинки накратко ја опишуваат конференцијата „100 Жени Претприемачки“ што е невообичаен мотивациски настан за жени, кој ќе се одржи на 28 ноември во Скопје. Овој енергетски ден ќе биде исполнет со знаење, инспирација, добри енергетски и деловни контакти. Женски Магазин- Кој ви беше најголем предизвик како организатор? Катерина -Тргнувајќи од себе како жена претприемач, знам што им е потребно на жените, што нè интересира и каде сме најсилни, но многу е поубаво чувството кога сето тоа ќе го доживееме заедно. Ова ќе биде посебен ден што секоја жена го заслужува. Без оглед на возраста и видот на професијата, секоја заслужува да доживее големи емоции, да научи нови работи, да запознае нови луѓе и да ужива во секој момент. Женски Магазин -Кој ќе биде главниот фокус на конференцијата? Катерина- На конференцијата покрај вмрежувањето, посетителите ќе слушнат вистински приказни на жените - презентери кои, иако го знаат вкусот на неуспехот, ја искористиле својата внатрешна сила за да успеат – ќе покажат како го сториле тоа. Ќе слушнат како да направите разлика во бизнисот, односите и приватниот живот. Ќе добијат инспирација како да работат и да наполнат енергија за следни предизвици. На конференцијата исто така ќе можат да слушнат како до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот и животот. Ќе има и значајни предавања и од експерти за женско претприемништво Женски Магазин- Која е најголемата вредност која ќе ја добијат посетителите на конференцијата? Катерина -Посетителите на овој настан ќе си потврдат дека не се сами, дека сите ние го поминуваме претприемачкиот пат. На настанот ќе има презентери од Македонија и регионов кои се успешни во своето работење. Секој од нив на посетителите ќе им го пренесе својот пат кон успехот и секој од нив ќе им каже по неколку совети, како во иднина да постапуваат. Значи, покрај вмрежувањето, мотивацијата, забавата посетителите ќе добијат и конкретни насоки кои можат да им послужат во иднина. Женски Магазин- Кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат жените лидери? Имате ли некакви сознанија? Каква е разликата помеѓу Македонија, Балканот и Европа? Катерина- Во Македонија има 50% женска популација, жени на пазарот на труд се 43,1%, но во 44% од компаниите немаат жени на водечки позиции. Во банкарскиот сектор, процентот на жени на водечки позиции е околу 23%, во осигурителните групации просечно има 19% жени, додека европскиот и балканскиот просек е околу 23%. Таргетот на Европа е до 2020 година околу 40% од жените да бидат во управувачките и надзорните структури. Женски Магазин -Ќе можеме ли да застанеме на долги патеки рамо до рамо со жените лидерки од Европа и светот? Катерина- Жената како носител на правен субјект – фирма кај нас е застапена со приближно 30% од вкупниот број на компании, но за жал нашите компании во сопственост на жени спаѓаат во доменот на микро и мали претпријатија, каде што обртот на средства е многу мал, па така и заработката. За жал, повеќето се отворени заради потребата од преживување а не од желбата за да се биде претприемач, но сепак мислам дека се приближуваме се повеќе кон жените кон светот иако нашиот пат е многу потежок. За Женски Магазин, Вики Чадиковска