ИНТЕРВЈУ СО МУЗИЧАРОТ МАТИЈА ДЕДИЌ: Арсен самиот реши да ја заврши својата животна приказна

Добивај вести на Viber

Хрватскиот џез пијанист и композитор Матија Дедиќ, вечер (петок) доаѓа во Скопје. Со својот колега Зоран Предин, на заеднички концерт во Македонскиот народен театар од 21 часот, кој го организира „Баги комуникации“, ќе ни изведат дел од албумите Трагови у сјети“ 1 и 2. Станува збор за преработки на најголемите хитови на Бијело Дугме, Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Јосипа Лисац, како и песни на таткото на Матија, легендарниот Арсен Дедиќ, кој почина во 2015 година. Матија Дедиќ свири клавир од својата петта година. Со џез музика, место со класична решил да се занимава во 1991 година, кога запишал џез академија во Грац. И со своето трио, соло, и со познати џез музичари има свирено во речиси сите европски земји и ги има добиено најпрестижните музички награди, од кои 25 се награди „Порин“. Дел од неговиот репертоар се и песните на татко му, за кој во интервјуто на Женски Магазин со емоции зборува, но и за неговата мајка Габи Новак, која ја нарекува жена со многу сила. Матија е татко на 14 годишната Лу, која ја има со сопругата Марина. [caption id="attachment_5367" align="aligncenter" width="600"] Повикот да соработувам со Зоран Предин пред 7-8 години, беше еден од многу битните моменти кои ми се случија во професионалниот живот[/caption] Женски Магазин - Како вие интимно ги доживувате албумите „Трагови у сјети“ и соработката со Зоран Предин и кои преработки од тие албум ви се најдраги? Дедиќ - Повикот да соработувам со Зоран Предин пред 7-8 години, беше еден од многу битните моменти кои ми се случија во професионалниот живот. Освен песните на татко ми, Арсен, многу ги сакам и песните на Предин. Женски Магазин - Кога одлучивте дека ќе настане албумот „Матија свира Арсена“, за која добивте две престижни музички награди „Порин“? Дедиќ - Се одлучив само една ноќ пред терминот во салата во која ги снимав соло импровизациите за соработници од Италија. Решив да го искористам остатокот од времето во истиот термин, и во еден здив ја отсвирев музиката на Арсен.   [caption id="attachment_5369" align="aligncenter" width="1000"] Жал ми е што не остана со нас барем уште неколку години подолго. - Матија со татко му, Арсен[/caption] Женски Магазин - Има ли песна од вашиот татко за која можете да кажете дека го обележала вашето детство? Дедиќ - За мене е многу поважна неговата музика за филм. Женски Магазин - Кој е највредниот совет кој сте го добиле од Арсен и што најмногу од него ви недостига? Дедиќ - Ме советуваше дека само работата може да ме спаси. Арсен, како лик и појава не само што ни недостасува на нас, туку и на уште многу луѓе. [caption id="attachment_5371" align="aligncenter" width="640"] Мајка ми е жена со многу сила. - со Габи Новак[/caption] Женски Магазин - Како е вашата мајка, Габи, по смртта на татко ви, пее ли сè уште макар и за своја душа? Дедиќ - Мојата мајка е неуништлива и прекрасно пее. Таа е жена со многу сила. [caption id="attachment_5370" align="aligncenter" width="660"] Ќерка ми Лу и дедо и беа специфично поврзани. - Матија со сопругата Марина и со ќерката[/caption] Женски Магазин - Изјавивте дека вашата ќерка Лу е многу слична со дедо и. Кои сличности ги препознавате и дали музиката ќе стане и нејзина професија? Дедиќ - Лав е хороскопскиот знак и на Лу и на Арсен. Тие двајца беа специфично поврзани. Многу ми е жал што татко ми не беше со нас барем уште неколку години. Му беше доста и самиот се реши да ја приведе својата приказна кон крајот, како што тој сакаше да каже. Лу доста ја наследи музикалноста. Заврши нижо музичко училиште, и сега самата свири и вежба. Понекогаш ќе ја наговарам да испее некоја реклама, за џепарлак. Женски Магазин - Кога решивте дека место со класична, ќе се занимавате со џез музика? Дедиќ - Решив во оној момент кога за прв пат го слушав американскиот пијанист и композитор Кит Џарет. Женски Магазин - Како вашите родители реагираа на таа ваша одлука? Дедиќ - Арсен не беше најсреќен во моментот кога тоа му го соопштив. Габи беше за тоа да одам на студии во Грац. По една година, татко ми сфати дека во импровизираната музика навистина се вљубив и дека работам како фанатик. Се разбира, нему тој жанр, никогаш не му бил нешто што многу го интересирало во животот. Можеби, кога бил помлад бил доста поврзан со џезот. Тој се држеше до своите убедувања и закони. Јасна мелодија и јасна форма. Текстовите ги пишуваше неверојатно и многу лесно. Дипломирал флејта. [caption id="attachment_5368" align="aligncenter" width="665"] Матија со таткото Арсен и мајката Габи на крајот од седумдесетите[/caption] Женски Магазин - По студиите во Австрија, зошто се решивте да ја градите кариерата во Хрватска и во регионот, а не надвор? [caption id="attachment_5393" align="aligncenter" width="600"] Matija Dedić & Merima Ključo Klikam studio photosession[/caption] Дедиќ - Затоа што во тоа време, во Хрватска владееше благосостојба. Женски Магазин - Кој е најголемиот успех во вашата кариера? Дедиќ - За свој најголем успех ги сметам позитивните критики за својата работа од целиот свет.   Женски Магазин - Имате ли некоја неостварена амбиција и желба, професионално и приватно? Дедиќ - Мојата желба е прво да бидеме здрави среќни. Со тоа полесно доаѓаат и нови идеи во музиката. За Женски Магазин, Милица Џаровска