Интервју Стефаниа Златку-YOUR SECRET CRUSH: „Тенка е линијата меѓу исполнување и исцрпување во сопствениот бизнис“

Добивај вести на Viber

Негувањето на кожата низ целото тело бара доста внимание, упорност и посветеност, но највеќе квалитет на природна база. Секојдневно сме опкружени со најразлични продукти за нега кои ветуваат безвременска убавина и брзи резултати, но секој ќе се согласи дека преку ноќ ништо така лесно не се случува, и дека резултатите не би биле видливи доколку самите не инсистираме и не работиме на случајот. Секојдневните случувања и временски промени доста влијаат како врз нашиот организам, така и врз нашата кожа, па така самата таа бара дополнителна нега и голем степен на хидратација.   Денес, ве запознаваме со Стефаниа Златку, млада и амбициозна дама која не воодушеви со својата интересна старт ап приказна, нејзината инспирација, но и голема храброст за влез во немирните бизнис води кои секојдневно ни носат предизвици. Доколку сте љубител на природната козметика и на мирисот на кафе, веруваме дека вашите очи го имаат забележано продуктот YOUR SECRET CRUSH на полиците во продавниците за козметика. Ќе го препознаете по типскиот дизајн со пастелни бои, едноставност спакувана во софистициран стил, а доколку сте љубители на пилинг за тело, ова е вистинскиот продукт за вас. Во пријатна атмосфера и расположени од убавиот сончев ден, навистина уживавме во нашиот разговор со ведрата Стефаниа, која со задоволство не подучи за целиот процес на создавање на нејзиниот веќе препознатлив бренд YOUR SECRET CRUSH, како дошло од идеја до реализација. Женски Магазин - YOUR SECRET CRUSH e продукт кој успешно се проби на македонскиот пазар и покрај целокупната конкуренција од странски и домашни брендови. Како започна се? Златку -CRUSH започна како резултат на љубовта кон природната козметика од една страна, и желбата за сопствен бизнис од друга страна. На почетокот, кога беше само идеа, на моменти изгледаше недостижно, тешко за реализација, но верувам дека зад успехот на секој производ стојат љубовта и трудот кои се вложени за истиот да биде креиран и дека не постои идеа која не може да биде реализирана. Потребно е само силна посветеност и упорност. Женски Магазин  Кој ви беше најголемиот страв и адреналин при планирањето на оваа бизнис идеја? Златку - Морам да признаам дека кога почнав да работам на реализација на CRUSH, првично ме плашеше моментот што воопшто не се плашев што се впуштам во бизнис за кој тогаш немав буквално никакво искуство, никакво формално образование. Потоа се појавија стравовите и нервозите, оние реалните. Организацијата на секој детал - од производство до краен производ - дали се ќе биде во ред. Но задоволството кога се ќе испадне како што треба на крајот од денот е најслатко! Женски Магазин  - Зошто YOUR SECRET CRUSH се одвојува од останатите продукти? Златку - Избегнувам да го споредувам CRUSH со останатите производи на пазарот, а и не би сакала тој да се доживува само како производ. CRUSH e приказна за валканиот љубовник кој точно знае што и треба на вашата кожа и кој секогаш прави да се чувствувате прекрасно! Неговиот квалитет, природните состојки, неговите бенефити - чувството од како ќе се избањате со него-тоа е тоа што го прави уникатен. Женски Магазин  Визуелниот впечаток, според мене е доста важен, и како клиент, често знае да ме купи, колку е тешко да се осмисли еден добар дизајн на продукт, а притоа да се успее во намерата да биде препознатлив сам по себе? Златку - Дефинитивно, огромен процент од луѓето купуваат заради добра амбалажа, меѓу кои се вбројувам и себеси. Но, колку е тешко да се успее во осмислување на добар дизајн мораме да ги прашаме ПОГОН кои се заслужни за дизајнот на CRUSH. Но, од самиот почеток замислата беше амбалажата и дизајнот да зборуваат за квалитетот на производот, да се направи нешто што го нема на нашиот пазар, да биде поинакво, привлечно, easy to love. Женски Магазин - Што највеќе ве исполнува во вашата работа, а што ве исцрпува? Златку - Тенка е линијата меѓу исполнување и исцрпување во сопствениот бизнис. Не важи работното време од 8-16 ч, напротив, живееш за работата. Но најважно е да го обожаваш тоа што го работиш, колку и да звучи клише. Едноставно, во тие моменти не ја чувствуваш исцрпеноста:). Женски Магазин  Каде и како гледате на YOUR SECRET CRUSH во иднина? Златку- Секојдневно ги менувам идеите за развивање на CRUSH, постојано работам на нови производи, а во тек е изработката на онлајн продавницата - преку која планирам CRUSH производите да бидат достапни надвор од МК. Но силно верувам дека еден ден ќе бидеме светски препознатлив бренд. Женски Магазин - Каде би можеле да го најдеме YOUR SECRET CRUSH? Златку - Моментално се нарачува онлајн преку нашиот ФБ www.facebook.com/crush.shoponline и нашиот Инстаграм www.instagram.com/yoursecret.crush, но може да се најде и во ДМПромедика, Public Room, SimpleCosmo. Женски Магазин -  Што би им препорачале на нашите читателки во областа на негата и убавината? Златку -Одлична прилика да ја цитирам мојата мајка - Стефанија не ставај сѐ и сешто на лицето - читај состав, ќе останеш без лице еден ден. Информацијата ни е бесплатна денес, не мора да завршиме технолошки за да знаеме кои состојки се штетни за нашата кожа. Златен Google, издвојте неколку минути додека купувате производи за нега и убавина, проверете ги состојките, и секогаш приоритет нека ви биде природната козметика - затоа што местото каде е најважно да се чувствуваме убаво - е токму сопствената кожа!
За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/