ИНТЕРВЈУ СУЗАНА МИЛИЌ, СОПСТВЕНИЧКА НА СЕКС-ШОП: Македонските жени знаат што сакаат

Добивај вести на Viber

Жената може да ја разберете кога ќе допрете до нејзината душа, кога ќе ви ја отвори својата емоција, кога ќе ја почитувате нејзината индивидуалност. Само онаа која е емотивно задоволна има желба за подлабока врска и отворено разговара за својата сексуалност, вели газдарицата на „Валијант“, бренд кој со години ги руши табуата во нашата земја Женски Магазин Веќе 17 години сте во бизнисот за кој кај нас малку се зборува на јавна сцена, иако степенот на сексуална култура е издигнат на одредено ниво во последниве години. Која е причината? Двојниот морал? Сузана- Сексуалноста е тема на која за жал кај нас многу малку се зборува, а причините секогаш се бараат во патријархалното воспитување кое всушност денес претставува синоним за двојниот морал. Луѓето како да забораваат дека амбалажата без содржина нема вредност. Затоа многу поважно е да зборуваме гласно за сексуална едукација, сексуално здравје, надминување на сексуалната монотонија со цел да имаме сексуално здрави генерации. Така навремено се допира до девијантното однесување. Толкувањето на сексот како нешто валкано и срамно е сосема погрешно и секој оној кој така размислува, треба да се чувствува посрамено зошто воопшто постои. Женски Магазин Со Вашиот сопруг бевте упорни, но и храбри во намерата и одигравте значајна улога во уривањето на табуата во однос на сексуалноста. Кои беа најголемите предизвици низ годините? Сузана - Да ги скршиме табуата во новиот милениум. Тоа беше нашето мото кога почнавме со работа. Споредбата тогаш и денес е како небо и земја. Некогаш печатевме списанија и каталози, таму споделувавме информации за играчките за возрасни, нивната функција и намена. Така почнавме да ја градиме традицијата за постоењето на секс-шоп во Македонија. Ние доцниме скоро четири децении од основањето на првиот секс-шоп во Германија (1962), а првата изработена и пронајдена секс-играчка датира од пред 28.000 години. Најголемиот предизвик за нас беше вербата и поддршката на нашите пријатели и семејството, нашите двигатели, луѓето кои веруваа во нас. Нашата улога беше во константно надградување на бизнис идеи проследени со љубов и доследност. Секогаш ни било најважно клиентите да бидат задоволни. Денес дел од бизнисите згаснуваат бидејќи луѓето научија да гледаат на сè низ призмата на парите, одењето на работа е механички проследено. За успех мора да се вложите себеси, да сте посветени и секогаш во тек со новите случувања. [caption id="attachment_8550" align="aligncenter" width="650"] Сузана со сопругот Горан[/caption] Женски Магазин  - Женската сексуалност сè уште се смета за табу-тема. Постојат милиони теории за тоа што навистина сака една жена во креветот, но ретко која отворено разговара за суштинските потреби и навики. Како Вие размислувате на оваа тема? Сузана - Има многу теории, митови, но и вистини. Без разлика од каква средина доаѓа, на која националност и религија ѝ припаѓа, секоја жена е посебна и единствена. Никогаш не треба да се споредува со друга жена! Жената може да ја разберете кога ќе допрете до нејзината душа, кога ќе ви ја отвори својата емоција, кога ќе ја почитувате нејзината индивидуалност. Жената која е емотивно задоволна има желба за подлабока врска и отворено разговара за својата сексуалност. Женски Магазин Дали македонските жени сè помалку се срамат да влезат во Вашите продавници? Сузана - Нашите продажни центри не практикуваат поделби, по никој основ (возраст, пол или сексуална определба) и затоа би коментирала само за срамот. Во денешно време со целата технологија што ни е на располагање го имаме бенефитот да реализираме онлајн нарачки и достава до посакуваната релација. Ова е погодно не само за оние кои се срамат, туку и за оние кои имаат можност да заштедат време или сакаат да изненадат некого. Генерално, од досегашното искуство тврдам дека македонските жени не се срамежливи воопшто. Ме радува тоа што се информирани и секогаш имаат конкретни барања. Женски Магазин -  Што најчесто купуваат, особено периодов пред празниците? Сузана - Новогодишните празници се најубав дел од нашата работа. Секогаш правиме посебни подготовки, внимаваме и на амбиентот на работ и ги следиме тековните трендови. За празници најчесто купуваат двојки, се бараат сетови и играчки кои партнерите ги употребуваат во нивната заедничка игра. Најчесто се топчиња, мини масажери, вибро прстени и навлаки. Задолжителна козметика се лубрикантите, маслата за масажа, кремите за заемно задоволство. [caption id="attachment_8548" align="aligncenter" width="651"] „Македонските жени не се срамежливи воопшто. Ме радува тоа што се информирани и секогаш имаат конкретни барања“[/caption] Женски Магазин - Дали некогаш сте посакале да ставите клуч и да побарате „нормална“ работа? Сузана -  Нашата работа е најнормална, без наводници. Како сопственици може да имаме привилегија да не сме секојдневно на работа, но не постапуваме така. Ние работиме тимски и постојано сме присутни, имаме одговорност кон нашите клиенти на кои им гарантираме дискреција. На работа не сме единствено кога сме на одмор или на службено патување. Дури и тогаш имаме ритуал на збогување со нашите вработени (се смее). Женски Магазин  Во контекст на сексуалната едукација и информираност беше и Вашата емисија „Ве икс“. Дали имате амбиции повторно да се вратите на екраните? Сузана - Телевизијата е магија. Кога ќе влезете во тој круг ви станува тешко да се повлечете. Ме радува што многумина се сеќаваат на емисиите кои ги работев три сезони и верувам дека тогаш успеавме да разобличиме многу табуа и да ги протолкуваме со професионалци и личности од јавниот живот. Јас сум тип на човек кој многу си го сака животот и не сакам да пропуштам ништо. Меѓутоа, покрај Горан, работата, пријателите и семејството, мојата најголема љубов е мојата ќерка. Одбрав времето кое требаше да го посветам на работа во студио да го заменам со времето поминато со најважната личност во мојот живот. Улогата мајка е благодет во кој само жените можат да уживаат, за тоа има и одрекувања, жртви и отстапки. Само тука се согласувам со патријархалното во нашето општество. [caption id="attachment_8547" align="aligncenter" width="650"] Три сезони беше автор и водител на ТВ-емисијата „Ве икс“[/caption] За Женски МагазинЃорге Стојанов