Интервјуа // Интервјуа
ИНТЕРВЈУ-ЃОРЃИ НЕШКОСКИ-„ИНСАЈДЕР“: Добро е да си храбар, но подобро поминуваат оние што молчат
Се снимаше 26 дена, еден ден - една епизода. Беше навистина брзо темпото, и секој од нас мислам дека само снимаше, без апсолутно време за други работи, затоа што на сет бевме по 16-17 часа. На почетокот беше малку затегнато, додека се привикнуваме на сè уште новите околности и задачи
[caption id="attachment_7715" align="aligncenter" width="654"] Почнав веднаш да се дружам со новинари, фанатично да се интересирам за нивната професија, и да инвестирам во мојата нова, новинарска. - Ѓорѓи во редакцијата на „Инсајдер“[/caption]
Амбициозен, храбар, искрен, забавен за колегите, избувлив кога чуствува неправда и секогаш на страната на вистината. Таква е улогата на младиот новинар Александар Топалов во популарната домашна серија „Инсајдер“, која секоја вечер ја гледаме на телевизија „Телма“. Улогата мошне успешно ја донесува Ѓорѓи Нешкоски, младиот актер од тетовскиот театар. За себе, Ѓорѓи вели дека е сличен со Александар, и тој го сака адреналинот. Глумата во него, како и новинарството во Александар кај него буди љубов, страст и возбуда. Роден е во Гостивар во 1986 година. Во родниот град завршил средно училиште, а во 2005 година се запишал на Факултетот за драмски уметности, во класата на Владимир Милчин, каде што дипломирал во 2010 година. Од 2015 година, Ѓорѓи е вработен во Тетовскиот театар како актер, откако е формирана македонската група. На духовит и интересен начин, Нешкоски за „Женски Магазин“ раскажа како тој го доживува „Инсајдер“, што научил од набиениот распоред на снимањата и се согласува со барањата на публиката дека треба да има и втора сезона.
Женски Магазин - Како ти се случи улогата на Александар во „Инсајдер“, имаше ли конкуренција од повеќе кандидати за неа?
Ѓорѓи – Хм, претпоставувам дека Александар Топалов, со невидена сигурност ги убедил режисерот и кастинг директорот, дека Ѓорѓи Нешкоски е човекот кој треба да го толкува во „Инсајдер“, па претпоставувам така убедени од ова, кастинг директорот и режисерот одлучуваат да ме повикаат на кастинг, да пробаат со мене сцени за ликот, и по некое време, ми се јавуваат и ми кажуваат дека сум избран да ја играм улогата на Александар. : -) Претпоставувам дека имало конкуренција, не се сомневам дека анализирале до најситни детали пред да донесат конечна одлука кој ќе игра.
[caption id="attachment_7717" align="aligncenter" width="659"] Најмногу се дружев со колегите од помладата генерација. - Ѓорѓи со колешките Ана Стојановска и со Мери Арсовска[/caption]
Женски Магазин - Како лично го доживуваш и го опишуваше карактерот на Александар, препознаваш ли твои особини во тој лик?
Ѓорѓи - Александар е искрен и директен, без стравови и многу калкулации за она што го мисли. Верува во својот став и мислење. Си ја сака професијата неизмерно, неговата девиза е онаа дека не гледа поента да се занимава со ова, ако нема адреналин, што кажува дека во работата внесува страст и е целосно посветен на тоа, кога цврсто верува во некоја тема. Затоа и е често на пиедесталот кога се добиваат насловни страници. Сличноста помеѓу мене и Александар е токму таа, не гледам смисла да се занимавам со глума, ако тоа не разбуди кај мене љубов, страст и возбуда.
[caption id="attachment_7720" align="aligncenter" width="656"] Комплетната екипа на серијата на промоцијата во октомври во Скопје[/caption]
Женски Магазин - Како се подготвуваше за улогата на млад, амбициозен новинар, собираше ли информации од искусни во професијата?
Ѓорѓи - Да, почнав веднаш да се дружам со новинари, фанатично да се интересирам за нивната професија, и да инвестирам во мојата нова, новинарска. : -)
Женски Магазин - Како течеше снимањето, има ли некоја интересна случка што би можел да ја споделиш?
[caption id="attachment_7716" align="aligncenter" width="656"] Претпоставувам дека Александар Топалов, со невидена сигурност ги убедил режисерот и кастинг директорот, дека Ѓорѓи Нешкоски е човекот кој треба да го толкува во „Инсајдер“. - Ѓорѓи во една од сцените[/caption]
Ѓорѓи - Ух, напорно. Навистина напорно. Се снимаше 26 дена, еден ден - една епизода. Беше навистина брзо темпото, и секој од нас мислам дека само снимаше, без апсолутно време за други работи, затоа што на сет бевме по 16-17 часа. На почетокот беше малку затегнато, додека се привикнуваме на сè уште новите околности и задачи, но и со едно големо задоволство на крајот од завршниот производ.
Женски Магазин - Што битно научи од поискусните колеги и има ли некој со кого посебно ти одеше дружбата по снимањата?
Ѓорѓи - Многу. Баш многу. Моите повозрасни колеги се навистина големи и докажани актери. Тоа се истите ликови на кои како студент сум им се воодушевувал на сцената, некои од нив ни биле и идоли на нас, тогашни студенти, а сега бевме во иста екипа со нив. Се дружевме сите, но најмногу заедно бевме ние, помладата генерација: Горан, Ана, Сања.
Женски Магазин - Што мислиш, дали во денешно време е добро да си храбар и да ја кажуваш вистината јавно или подобро поминуваат оние кои молчат?
[caption id="attachment_7719" align="aligncenter" width="653"] Има најразлични реакции, повеќето се задоволни од „Инсајдер“, ги препознаваат темите, ги коментираат. - Ѓорѓи со колегите[/caption]
Ѓорѓи - Исто како и прашањето. Добро е да си храбар, но подобро поминуваат оние што молчат.
Женски Магазин - Наталија или Антонија, ќе се одлучи ли Алек за една од нив двете на крајот?
Ѓорѓи - Хахаха. Не знам, тоа најверојатно го знае сценаристот, доколку има втора сезона ќе дознаеме.
Женски Магазин - Работиш во тетовскиот театар, што ново подготвуваш на таа сцена?
Ѓорѓи - Да. Работам во Тетовскиот театар, веќе три години. Оваа сезона заврши со претставата „Леонс и Лена“ на Георг Бихнер, во режија на Драгана Таневска. Нови проекти ќе има веќе од следната сезона.
Женски Магазин-Која ти е најдрага и најзначајна театарска улога?
Ѓорѓи - Па, не можам да ги делам така улогите. Сите ми се подеднакви драги. Тие се мој производ, свое чедо. Подеднакво, сите.
Женски Магазин - Те препознаваат ли на улица гледачите на „Инсајдер“, какви се реакциите?
Ѓорѓи - Да, ме препознаваат. Има најразлични реакции, повеќето се задоволни од „Инсајдер“, ги препознаваат темите, ги коментираат. Секој кажува свое доживување и свое мислење. Но, секогаш, и баш сите, завршуваат со она: треба да се снимаат повеќе македонски серии, за кое и јас се согласувам.
За Женски Магазин, Милица Џаровска