Животна училница // Семеен Албум
Како да знаете кои пораки се важни за воспитување на децата!
Најважно во процесот на воспитување на децата е да знаете кои пораки и лекции треба да им ги пренесете. Многу родители не размислуваат за ова, бидејќи додека децата им се мали, тие се зафатени со други грижи – дали спијат, дали јадат, дали се сигурни итд. И додека да сфатат, бебињата станале деца, а децата возрасни луѓе.
Често, родителите не размислуваат за важните лекции кои треба да им ги пренесат на нивните деца.
Прашање кое треба да си го поставите е: Кои пораки се добри и важни? Многу истражувања покажале дека децата на возраст меѓу 4 и 11 години, од своите родители бараат внимание. Децата сакаат повеќе време да поминуваат со своите родители, така да сами одредуваат што ќе прават со мајката или таткото. Децата сакаат љубов, да се чуствуваат сигурно во светот во кој немаат контрола.
Поголемиот дел од родителите го копираат воспитувањето од нивните родители или пак се однесуваат сосема спротвино на тоа како се однесувале родителите со нив. Добро е да размислите какви пораки ви пренеле вашите родители, како влијание имале на вашата личност и како влијаат на вас како родители.
Еве неколку прашања кои може да ви помогнат при воспитување на вашите деца:
- Кои вредности сакате да им ги пренесете?
- Какви сакате ставови да имаат за околината и луѓето?
- Кои вредности, ставови, верувања, не сакате да им ги презентирате на вашите деца?
- Кои активности и искуства сакате да им ги пренесете на вашите деца?