Дебелеењето кај децата е проблем во светот. Децата се’ помалку се играат надвор, помалку јадат дома, а тоа доведува до нивно дебелеење.
Еве што советуваат педијатрите, доколку сакате да спречите вашето дете да се здебели.
Прва работа на која треба да внимаваат мајките е витаминот Д во текот на бременоста. Истражувањата кои неодамна биле објавени во списанието Pediatric Obsesity, покажале дека кај жената која има недостаток на витамин Д во текот на бременоста, се зголемува ризикот од здебелување на детето.
Еве неколку совети од др. Едвин Равел, чија специјалност е дебелеење кај детето,
Доете го бебето
Доењето е најдобра исхрана за новороденчето, а го намалува ризикот од здебелување за 4%.
Храната треба да биде балансирана
За да децата имаат доволно енергија и правилен развој, потребни им се три оброци и две ужинки.
Потрудете се децата да бидат физички активни
Колку и да сте изморени кога ќе дојдете од работа, водете ги децата надвор. Кратката прошетка ќе придонесе за здравје и рани навики во раното детство, а половина час гледање цртани филмови е губење на време.
Погрижете се детето да спие доволно
Недостатокот на сон го зголемува ризикот од здебелување. На децата помали од 3 години потребно им е сон меѓу 11 и 12 часа во текот на ноќта. Ако детето е ненаспиено, во текот на денот ќе биде уморно, ќе нема енергија да се игра, туку ќе сака да седи и да гледа телевизија.
Избегнувајте пржена храна и сокови
Гответе ја или печете ја храната. Избегнувајте пржена храна, а децата научете ги дека водата е најдобар пијалок.