,

Како треба родителите да се однесуваат за време на развод

Добивај вести на Viber

Бурните разводи може сериозно да влијаат на децата. Затоа треба да се запрашаме што може да направиме за да децата полесно се прилагодат на новонастанатата ситуација. Во продолжение прочитајте ги советите како да се однесувате и како да помогнете на детето. Дозволете детето да биде тажно и разберете дека му е тешко Детските чувства се многу посилни, но ги покажуваат на различен начин од возрасните. Не ги потценувајте ако мислите дека на тој начин ќе им олесните. Доколку не знаат да ги покажат емоциите и „здраво тагуваат“ тогаш побарајте стручна помош. Заробените емоции може да доведат до сериозни проблеми. Соопштете ја веста заедно и бидете подготвени на прашања Потрудете се своите чувства да ги одделите од објаснувањата кои му ги давате на детето – смирено им објаснете дека тоа е одлука која сте ја донеле како возрасни, но дека за нив секогаш ќе бидете мајка и татко кои ги сакаат и секогаш ќе бидат тука. Внимателно изберете го времето кога ќе им кажете. Кажете им ги оние информации кои одговараат на нивната возраст. На децата дајте им одговори кои имаат смисла, а бесот и нервозата оставете ги за пријателите. Бидете емоционално достапни Не го запоставувајте детето поради своето емоционално растројство, но тоа треба да знае дека сте тука за него. Не дозволете детето да се бори за ваше внимание. Ако забележите дека не може да се посветите на детето, тогаш во секојдневниот живот нека се вклучат бабата, дедото, тетката, вујната за да не се почувствува само. Градете слика на добри родители Сеќавајте се на добри моменти кога сте биле заедно. Децата сакаат да ги сакаат двајцата родители и да знаат дека се плод на љубов. Така ќе развијат добра слика за себе и ќе имаат основа да одржуваат добар однос со своите родители. Детето треба да биде добредојдено во двата дома Одморот кај родителите треба да биде пријатен.  Испланирајте заеднички активности и што поквалитетно да го поминете времето. Направете договор за воспитување Родителите мора да поставуваат исти правила и своите фрустрации да ги остават на страна. И на децата ќе им биде полесно кога не мораат од ново да се прилагодуваат. Разберете дека детето има право на свој живот На пример, детето ќе има потреба да остане за викенд со родителот со кој живее за да не го испушти роденденот на другарката или другарот од маалото. Прилагодете се и направите компромис. Дајте им на децата простор да градат сопствен живот.