Колку шеќер ни е доволно?
Рафинираниот шеќер се додава само во слатки. Барем така си мислиме. Но, вистината е поинаква. Овој шеќер е присутен во месните, млечните и пекарските продукти, како и во сите безалкохолни пијалаци. 74% од процесираната храна содржи рафиниран шеќер. Па дури и да ги исфрлиме слатките од нашето мени, сè уште ќе го внесуваме над препорачаната вредност.
Според законските нормативи, производителите се должи да ги истакнат сите состојки на декларацијата. За жал, индустрискиот шеќер често се додава и под скриени имиња (малтекс, декстроза, сируп од пченка, засладувач од ориз или јачмен). Важно е да знаеме како овие додатоци се однесуваат во организмот. А се однесуваат како и рафинираниот шеќер. Произведувачите не се должни да означат колку шеќер е додаден, а колку има природно на пример во овошје или млеко.
Препорачаните дневни дози на рафиниран шеќер (1 кафена лажица =4 грама шеќер)
- деца 3 до 6 кафени лажички во зависност од растот и дневните активности
- жени 6 кафени лажички
- мажи 9 кафени лажички
- Кога правиме слатки, да ја намалиме количината шеќер за третина или четвртина
- Да се одберат чоколади со повисок процент какао
- Природни сокови наместо индустриски
- Помалку повеќепати процесирани продукти
- Ако ви паѓа шеќерот, носете со себе урми или суво грозје
- Децата да се учат да јадат овошја.
- Слатките направени дома се секогаш подобар избор од индустриските