Комуникацијата со детето почнува уште пред пораѓањето, а кога се роди, иако не разбира што му зборувате, комуникацијата се случува на ниво на емоции. Тоа е основа на детскиот психолошки развој, вели проф.др.сц. Миливој Јованчевиќ и ја истакнува важноста на мајчината реакција на сигналите кои детето и ги праќа.
„Комуникацијата со детето почнува уште пред породувањето. Тогаш детето веќе научи да го препознава гласот на мајката и таткото и музиката која ја слуша. Кога детето се роди, и кога уште не разбира што му зборувате, тогаш се комуницира на ниво на емоции, допири, интонација на глас, размена на тие сигнали е комуникација која претставува темел на неговиот емоционален, психолошки развој.
Тука се развива поврзаноста. Значи, ако детето е гладно и дава сигнал за тоа, заплаче на одреден начин, а мајката го препознава тој вид на плач и му дава дојка, т.е. го нахрани, тоа е одлично. Исто така и ако тоа се повтори за неколку часа. Taa препознава што му треба на детето. Тогаш детето многу често престанува да размислува дали сака воопшто да го добие тоа млеко и кога му притреба. Почнува да го сфаќа тоа како нешто нормално. Ако почнат да му сметаат пелените, а мајка му препознае дека му се полни и ги менува, тука веќе почнува да се развива тој соодветен однос помеѓу мајката и детето, односно тој сигурен тип на приврзаност, кој е темел на душевно и телесно здравје во повозрасен период“, вели проф.др.сц. Миливој Јованчевиќ