Актерот Роуан Аткинсон повторно ќе стане татко на 62-годишна возраст. Девојката на актерот, Луиз Форд, која има 33 години, го чека своето прво дете.
Трето е за Роуан Аткинсон. Бебето треба да се роди во почетокот на следната година. Синот на Роуан Аткинсон, Бен, има 23 години, а неговата ќерка Лили е 21.
Тие се од неговиот брак со Сунетра Састри. Роуан Аткинсон се зближил со Луиз, во 2014 година, по разделбата со неговата сопруга. Богатството на Роуан Аткинсон, кој се прослави со улогата на Мистер Бин, се проценува на 70 милиони фунти.
Роуан Аткинсон е далеку од тоа да биде најстариот актер за да стане татко. Роберт де Ниро почна повторно да ги менува пелените на 68 години, Стив Мартин - 67. Режисерот и продуцент Џорџ Лукас стана татко на 69 години, пејачот Мик Џегер - 73, а неговиот колега Рони Вуд на 68 години.