Зимата ни ги носи најубавите снежни приказни, а вистинските модни икони со нетрпение ги очекуваат светските планински дестинации со цел да парадираат гордо во своите модни парчиња низ зимските идили. Шарените бохо шалови, модерни чизми за снег, кожни ракавици, скафандри и зимска опрема во неон бои, се само дел од модните контрасти што се забележуваат низ зимските падини и во бачилата.
Најубавото зимско сонце ќе го пронајдете токму на некој планински врв, каде воздухот ни ги прочистува мислите, а сончевите зраци мамат насмевка на нашето лице.
Модните додатоци не се никогаш исклучок и за време на зимскиот период. Вистинските модни тренд сетери, како во лето така и во зима не заминуваат на планина без своите омилени наочари за Сонце, каде воедно и не пропуштаат прилика да се сликаат со нив во убавините на планинските предели.
Оваа година, англиската модна икона Викторија Бекам, која покрај беспрекорниот моден стил што го поседува, ни докажа и зошто е и вистински трендсетер и во областа на модните додатоци – очилата за сонце. Елегантни и шик, едноставни а сепак препознатливи.
За вас, ги издвојуваме нашите фаворити од новата колекција на очила за сонце од модната линија на Викторија Бекам за есен/зима 2017-та кои веруваме ќе ви се допаднат како и тоа што одлично ќе се вклопат во вашиот зимски аутфит без разлика дали сте облечени во елегантен или неформален стил.
ok.com/BeaderHristina/
Web Strana : https://ninabeader.wixsite.c om/styleinmotion
- Power Frame