М. Арт Студио: Растопено стакло преточено во врвна уметност
Изработката на стакло може да се реализира на најразлични начини, но она што ни остава впечаток и покрај сите негови изработки, е фактот дека сите форми се рачно исечени и не можат да бидат идентично повторени. Се работи за врвно италијанско стакло, чија изработка од креативните раце на Марта Поп Антоска ќе ве воодушеви.
Денес зборуваме со Марта Поп Антоска која е дипломиран графичар, која со задоволство ни одговори на нашите прашања за Женски Магазин
Женски Магазин - Рачно изработено стопено стакло од врвен италијански квалитет. Доста интересна техника, но делува како и доста специфична и пипава. Воведете не во овој стаклен свет и раскажете ни нешто повеќе за овој начин на изработка.
Марта Поп Антоска: Фузија на стакло е процес при кој со термичка обработка на стаклото во специјални печки за топење, се изработуваат декоративни и употребни предмети, делови за вградување во ентериери, накит, скулптури и буквално се она што ќе замисли човековата имагинација. Се работи со високо квалитетно италијанско стакло. Сите форми се рачно исечени и никогаш не може идентично да бидат повторени.
Женски Магазин Од каде потекнува љубовта и идејата за бавење со една ваква техника?
Марта Поп Антоска -Техниката
Женски Магазин -Дали може овој занает, да се изучува кај нас, или потребна е едукација надвор од Македонија?
Марта Поп Антоска - За жал и огромно разочарување на нашиве простори нема обука ниту каква било едукација за оваа техника.
Женски Магазин - Покрај растопено стакло, се занимавате и со изработка на филигрански накит, една доста стара македонска традиција. Која е тежината на оваа рачна изработка, и што бара од еден креативен ум како што сте Вие?
Марта Поп Антоска - Првата моја идеја беше да научам да изработувам сребро за да направам целосен производ т.е. накит во комбинација со стакло. Добив фасцинантни парчиња. Така продолжи да се развива создавањето на уникати.
Филигранот доби малку боја и се што е создадено до сега се темели на една огромна љубов и една светла визија која ја вгаадив во моите дела.
Женски Магазин- Растопено стакло, филигран но и изработка на ламби. Навистина делуваат посебно, светски и се еден од белезите на вашата рачна изработка. Колку е потребно за изработка на една ламба?
Марта Поп Антоска-Зависи од идејата и формите, понекогаш неколку дена, но во суштина тоа и не е толку важно во процесот на создавање. На крајот сè се сведува на тоа финалниот производ да биде искрен кон идејата, а дизајнот естетски издржан и функционален.
Женски Магазин- Што најчесто бараат клиентите при една нарачка? Дали се држат до основите или препуштаат се на вашата креативност и долгогодишно искуство?
Марта Поп Антоска- Скоро секогаш нарачателот има некаква првична замисла, но во моето студио има многу дела и примероци така што обично главниот патоказ тргнува од тука, понатаму се развива процесот каде се надополнуваме и консултираме се до финален производ. Секое дело е различно и уникатно, приказна сама за себе и никогаш нема повторување на истото.
Женски Магазин -Дали надоградувањето во оваа област е доста важен сегмент за понатамошен успех и „зрелост“ во креативниот процес на изработка на создавање?
Марта Поп Антоска- Секако, мислам дека надоградувањето во која било професија е најбитно. Кај креативците упорната и секојдневна работа исто така е надоградување. Креативниот занес е како акумулатор, што повеќе работи тоа поголем креативен замав зема. Обожувам да бидам во таа димензија.
Женски Магазин - Дали имате свој омилен светски уметник кој се занимава со истата техника како Вас, а воедно е и ваша голема инспирација?
Марта Поп Антоска - Би го издвоила Richard Parrish, но неговите дела се различни од мојот стил на работа.
Најверојатно поради тоа што сум дипломиран графичар, затоа и ме фасцинира неговата точност и огромна прецизност, стриктно одредени полиња на јаки колоритни бои, совршено вклопени во една целина. Неговите дела имаат посебна тежина и делуваат грандиозно.
Женски Магазин -Каде се наоѓа М. Арт Студио?
Марта Поп Антоска - Моето ново студио-ателје се наоѓа во склоп на мојот дом, се надевам за скоро време сите дела ќе бидат изложени и во еден убав концептуален изложбен простор каде ќе може и секој обичен минувач да ги погледне.
Женски Магазин -Што би препорачале на сите оние кои имаат интерес да започнат да се бават со оваа техника?
Марта Поп Антоска - Би било убаво на Академијата за ликовни уметности или во Средното уметничко училиште
Сите заинтересирани, може да ја контактираат Марта преку нејзиниот ФБ профил
https://www.facebook.com/