Семеен Албум,
Семеен Албум
НАПНАТОСТ И СТРЕС КАЈ ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ, КОЈА Е ПРИЧИНАТА И КАКО ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ!
Кога зборуваме за децата од предучилишна возраст, класичната дефиниција за стрес не може сосема да се примени затоа што малите деца не се свесни за промената во однесувањето ниту за причината поради која настанале промените, малите деца немаат развиено стратегија за соочување со стресот. Она што на возрасните им се чини неважно, на детето може и тоа како да му биде стресно.
Децата доживуваат разни состојби на страв кој им предизвикува стрес од моментот на раѓање па се до повозрасни години. Некои деца успеваат да го скријат стресот, тешко им е да покажат пред другите, но некои деца стресот го искажуваат преку напади на бес, плачење и сл.. Постојат стравови кои се нормален дел од развојот на детето како што е стравот од темница, чудовишта, одвојување од родителите, некои животни и сл. Други извори на страв можат да бидат раѓањето на брат или сестра, тргнување на училиште, смрт на некој член од семејството и сл..
Децата кои се под стрес можат да се препознаат според следните симптоми:
-
- покажуваат лутина, опсесивност, вознемиреност, напади на бес
- плачат без одредена причина
- се жалат на главоболка или болки во стомакот
- одбиваат да прават одредени работи или да одат на одредени места
- немаат концентрација
- нарушување во апетитот
- честа промена на расположението