Секако дека има свои успони и падови (хмм, тинејџерски години), но нема сомнение дека врската меѓу мајката и ќерката не е нешто посебно. Сега тоа го потврдија и научниците. Според истражување објавено во магазинот The Journal of Neuroscience, врската помеѓу мајката и ќерката е најцврста од сите врски помеѓу родителите и децата.
Во истражувањето, научниците снимиле магнетски резонанци на 35 здрави семејства како би откриле зошто пореметувањето на расположението, како депресија, вообичаено се наследува од мајката на ќерката. Интересно е дека научниците откриле дека мајките и ќерките имаат многу слична анатомија кога се работи за делот од мозокот кој ги регулира емоциите. „Таа асоцијација била значајно поголема отколку кај мајките и синовите, татковците и ќерките“, објаснија во истражувањето.
Во превод: Мајките и ќерките многу повеќе од било кој друг можат да се разберат една со друга и да се поврзат една со друга. Во секој случај, имајте го тоа на ум следниот пат кога вашата мајка ви понуди добронамерен иако (несакан) совет.