,

Научници со разочарувачка студија: 12 годишници на исто физичко ниво како 6 годишници

Добивај вести на Viber

Ирски научници спровеле истражување меѓу децата и утврдиле дека основните физички вештини им се на ниво кое е далеку под нивната возраст. Меѓу испитаните 12-годишници успешноста во извршување на задачата како скокање и фрлање била на ниво кое се смета дека е одговарачко за 6-годишни деца. Многу е вознемирувачки податокот дека во друга студија, од 250 испитани адолесценти, само еден успеал да ги изврши сите 9 предвидени задачи. Слично истражување на предшколски ученици покажало дека само 3% од децата умеат да изведат скок во височина, а само 26% да фатат топка. Децата кои на време не развиваат физички вештини подоцна тоа тешко можат да го надоместат. А најважниот начин на нивно стекнување е игра, пишува Ајриш тајмс. Моторичките вештини во корелација се со детската тежина. Дебелите деца помалку се физички подготвени, а дебелината како епидемија се шири меѓу малите.