,

Најинспиративните мисли од писател кои треба да ги прочита секој родител

Добивај вести на Viber

Урош Петровиќ е познат како писател на книги за деца и млади кои ги поместуваат границите во современата литература. Исто така со др. Ранко Рајовиќ го создал и таканаречениот NTC состав на учење, посветен во работата со воспитувачи, наставници и родители на развивање на дарежливоста кај децата и подобрување на пристапот на образование. Избравме неколку од неговите најинспиративни мисли кои би можеле да им бидат од корист на сите родители и оние кои работат со деца-воспитувачи, учители, и наставници. -Се што сте направиле наместо вашето дете, сте направиле против него. -Уважувајте и поддржувајте ги воспитувачите и учителите, тие даваат најважни патеки. -Презаштитувањето е еднакво вперено против детето, бомба со одложен, но долгорочен ефект. Препреки и проблеми покренуваат. Таму каде се е „таман“ изостануваат стимулансите за развој -Детската љубопитност е неограничен извор на обновлива енергија. Умееме ли да ја придобиеме за саканите цели и таа моќна сила да ја искористиме за напредок? -Откривањето е поважно од откритието. Моментот на откритие на вистинскиот одговор не е ни близу ни толку важен како патот до него. -Кога се зтиши играта, се останато губи боја. Мислам дека оној кој престане да си игра, без разлика дали се работи за шеф на држава или шумар приправник има голем проблем. -Само еден вид интелигенција не значи многу. Иако се важни и другите видови на интелигенција, а ги има многу. Што значи една совршено наштимана жица на гитара. Ако се лоши останатите, акордот ќе звучи несносно. -Парадоксално, во време на експанзија на 3Д технологијата, авантурите на растење на децата се сведуваат повеќе на 2Д, на екрани. Ние имавме 3Д детство, екраните тогаш беа спонтани. Аналогично, можеби ова денес е спонтано детство.   -Нема исчекор без дадена можност тој да се направи, и нема големи авантури без првиот чекор.