Социјалните вештини се однесувања кои им помагаат на децата во создавање на социјални интеракции и квалитетни односи. Придонесуваат за интеракција и успешно носење со барањата и предизвиците кои пред нив ги поставуа околината.
Се однесуваат на вештини на комуницирање, решавање проблеми, одлучување, креативно и критичко мислење и управување со себе, своите емоции и однесување.
Социјалните вештини се учат од самото раѓање.
За да го подучите детето на социјални вештини, не е доволно само да му зборувате за тоа како треба да биде љубезно, со големо срце и сл. туку треба да му осмислите и овозможите ситуации во кои може да учи и да ги усвои. Па затоа:
Пружете им на децата шанса за играње со други деца
За усвојување на социјални вештини, на детето му е потребна прилика да си игра со деца. Не постои замена за искуството кое децата го стекнуваат дружејќи со свои врсници.
Научете ги да споделуваат
Децата на почеток не знаат како да споделуваат. Кога детето земе туѓа играчка, пуштете го да се обиде само да ја реши настанатата ситуација. Ако тоа не му пречи на другото дете, потсетете го своето дете дека треба да праша пред да позајми нешто.
Негувајте квалитетни социјални интеракции
Децата често не знаат да изразат што сакаат. Може да станат физички агресивни, да удрат или штипнат за да добијат играчка или да не сакаат да ја споделат.
За поттикнување на квалитетни социјални односи, важно е да ги научите на ефикасни и социјално прифатливи начини на изразување на сопствените чувства и желби.
Учете ги децата да ги решаваат проблемите
Родителите не мора да ги знаат одговорите на сите проблеми на детето за да му помогнат во разговорот. Често нема едноставни одговори на повеќето детски проблеми со врсниците.
Бидете модел на примерно однесување
Родителите се најважен учител на детето, со своето однесување го учат кое однесување е примерно. Детето кое учи од своите родители како соодветно да ги решава судирите, изразува лутење или се носи со стресот без агресивно однесување, поуспешно, на сличен начин, ќе ги решава своите судири.
Играјте си со детето како негов врсник, само за забава
Детето ги учи клучните социјални вештини низ игра со други деца, но исто така многу учи и низ игра со родителите. Детето со кое родителите често си играат, има усвоени социјални вештини и подобро се снаоѓа со врсниците.
Одгледувајте дете на топол начин и со поддржување
Потрудете се околу својот однос со детето, децата кои се чувствуваат осамено во односот со своите родители, исто така значајно почесто се чувствуваат осамено и во односот со нивните врсници. Покажете интерес за секојдневниот живот на детето. Споделете ги со него неговата радост, тага, соништа. Со тоа му покажувате дека е важно и вредно такво какво што е.
Foto: Pixabay