"CEO 2018"- бил главниот мотив на новата есенска колекција на дизајнерот Александар Ванг кој сакал да ја истакне својата сериозност, откако неговата претходна ревија во септември беше прогласена за моден промашок (чекање повеќе од час време зад полициски барикади никако не звучи забавано).
Колекцијата за есенската сезона на луксузниот бренд е инспирирана од формална облека во која секоја дама ќе се чувствува како директор на некоја фирма. Блејзери, комплети, одела, стилето чевли и сведена палета на бои во кои доминира црната нијанса израдуваа многумина кои присуствуваа на оваа голема ревија. Сепак, дизајнерот не можел а да не внесе малку забавни ноти во секој стајлинг.
Покрај „сериозната“ облека е претставена и линија тренерки која изгледала посебно со детали како "Alexander Wang Platinum". Се на се, колекцијата, како и самата ревија изгледала феноменално.
Во галеријата може да видите сите претставени стајлинзи.