НЕКНЕШНО ИНТЕРВЈУ СО МАЈА МАРКОВСКА: Љубовта кон Супермен ја овековечив со тетоважа

Добивај вести на Viber

Извидник сум и најубавите спомени, искрени другарства за везден и љубовта на мојот живот ми се од тој свет. Возам велосипед, ама не ортодоксно. Повеќе од сè на светов сакам да готвам, открива Марковска, еден од главните протагонисти во ТВ-серијалот „Фчерашни новости“ [caption id="attachment_16120" align="aligncenter" width="640"] Апансас ја викнале за кратка изјава и сосема случајно станала дел од тимот на „Фчерашни новости“[/caption] Женски Магазин* Како Ви се случи ангажманот во „Фчерашни“? Бевте ли на почетокот скептични за Вашето појавување пред камерите или самоуверено ја искористивте оваа можност, што би рекле старите како „родена глумица“? Марковска- Ангажманот беше неочекуван и спонтан. Апансас ме викнаа за кратка изјава и некако станав дел од екипата. Искрено кажано, воопшто не му ја мислев затоа што имав многу помош од Мунко, режисерот на „Фчерашни“ што така ми го постави целиот концепт на снимање што не ни осетив постоење на камерата. Реакцијата на останатите, поготово на сестра ми и уште 2-3 блиски ми е доволна да знам дали е добро тоа што го правам или не. Женски Магазин* „Фчерашни новости“ е политичка сатира, а се поголемиот број фанови на емисијата се доказ дека „пукате“ и „плукате“ со стил. Одличен потег во сценариото е и рубриката „Некнешни новости“. Дали во тие „минута и кусур“ има Ваш авторски удел или сте само во улога на презентер? Марковска-Некнешни“ е мој придонес кон целата епизода на „Фчерашни“. Сама си го пишувам, сама си го читам. Нормално, секој текст што го пишувам е брилијантно и маестрално скратен и смален од Бистра, мадам уредник на емисијата. [caption id="attachment_16121" align="aligncenter" width="640"] Обожава да готви, но признава дека не е вистинската личност за декорирање на храна[/caption] Женски Магазин* Возите велосипед, одлично се снаоѓате во кујна, имате милениче. Што друго не знаеме за Вас? Марковска- Возам велосипед, ама не ортодоксно и нонстоп. Повеќе од сè на светов сакам да готвам и да гледам како луѓето го јадат тоа што сум го спремила. Кога готвам не сум тука, целосно се исклучувам од сè околу мене и ме опушта и одмара. После мене потоп, така изгледа кујната откако ќе завршам со готвење. Не ме бидува за декорирање на храна. Секој обид за изгледа како да ми паднала чинијата, па сум пробала да спасам нешто. Мачката ми се вика Каролина оти многу ми се бендиса името за да можеш да викнеш. Има нешто прекрасно кога прави беља, а јас викам по неа: „Каролиноо!“. Многу е разгалена, ја обожаваме сите по дома и ни стана центар на збиднувањата. Сега е во Струга со мајка ми и татко ми, си ужива на новото рачно изработено јорганче. Супермен ми е омилен супер херој, ама не дека другите не ги почитувам, со исклучок на Спајдермен. Љубовта кон Супермен ја овековечив со тетоважа посветена на Кал-Ел. Исто така го обожавам Хари Потер и сум горд сопственик на стапчето на Сириус Блек. Извидник сум и најубавите спомени, искрени другарства за везден и љубовта на мојот живот ми се од извидници. Сè уште сум дел од извидничкото движење во Македонија и ги поттикнувам сите родители да ги пуштаат своите деца во некој од извидничките одреди низ Македонија. [caption id="attachment_16122" align="aligncenter" width="618"] „Мачката Каролина ни стана центар на збиднувањата. Сега е во Струга со мајка ми и татко ми, си ужива на новото рачно изработено јорганче“[/caption] Женски Магазин* Кои се Вашите интереси настрана од овој ангажман? Што сте по вокација, што друго работите? Марковска- Вистинската работа во животот ми е извршен директор на Милиеуконтакт Македонија, здружение за одржлив развој кое што постои во Македонија од 2002 година. Работиме на унапредување на животната средина и развој на капацитети на млади и локални здруженија на граѓани. Во слободно време висам по кулинарски блогови и гледам емисии за храна. [caption id="attachment_16123" align="aligncenter" width="640"] Омилена фотографија од детството: Маја на 4 годишна возраст[/caption] Женски Магазин* Дали приватно сте од оние што секојдневно бистрат политика и се во тек со сите случувања или сте оние во друштвото кои „последни дознаваат“? Марковска- Јас сум од оние луѓе што ако ме интересира нешто има да разберам сè, позната како ЦИА меѓу #твитержениконзервативнаструја (се смее). Женски Магазин* Кој е Вашиот компромис во животот воопшто? Марковска- Не знам како изгледа компромис, никогаш не сум направила за ништо. Еве сестра ми само што ме потсети дека не знам што е тоа компромис. Женски Магазин* Како ја замислувате Македонија во некој паралелен универзум? Марковска- Како епизода од Doctor Who! Лудо, брзо, шашаво и нелогично исто како овде. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов