Сигурно сте забележале дека во зима мажите имаат потопли раце од жените.
Мускулната маса е она што ги прави рацете потопли, а мажите имаат поголема тежина од жените, па затоа нивните раце се потопли. Истражувачи направиле тест на Кемриџ така што од учениците побарале да ги држат рацете во ладна вода три минути.
Резултатите биле изненадувачки за стручните лица кои мислеле дека рацете побрзо се загреваат благодарение на мастите.
„Секогаш мислевме дека мастите се најважни за терморегулација, но испадна дека главна улога играат мускулите. Неверојатно е човековото тело, динамичниот систем ги користи мускулите за да го загреат телото“, изјавил еден од истражувачите.
Во екпериментот учествувале 114 учесници, меѓу 18 и 50 години, а на крај се покажло дека жените навистина имаат поладни раце.