,

Ова се билки кои природно го влажнат воздухот

Добивај вести на Viber

Во текот на грејната сезона се јавуваат проблеми со сув воздух, а тоа пак влијае на дишењето. Против оваа појава можете да се борите со помош на билки. чемпрес Во Јапонија му се придава голема важност и се смета дека во него се собираат душите на мртвите. Ова зимзелено дрво го влажни воздухот и ја впива нечистотијата од домот. Помага при симптоми на мигрена и главоболка. Бара студено место и редовно наводнување. свекрвин јазик И оваа билка прави чуда, произведува кислород, и ги неутрализира штетните ефекти од синтетичките материјали и влакна. Во своите листови задржува влага и не треба да се наводнува често.  Не бара многу внимание и можете да го чувате дома. фикус Тој е многу популарен затоа што го прочистува воздухот, убива вируси и впива прашина. Успева во домови каде има доволно простор, а бара и ладно место. лозица Таа се врти кон светлоста, и го влажни воздухот. каланхоа Оваа билка од Магадаскар е создадена за станови со сув воздух. Во листовите има влага и помага на околината. спатифилум Ја нарекуваат женска среќа и се верува дека носи љубов во домот. кавовац Оваа билка го исполнува воздухот со убав тропски мирис. мирта Таа е симбол на мир и уживање. Порано се верувало дека оваа билка е света, а ги убива и микробите од воздухот. ловор Тој е симбол на победа и слава. Освен за навлажнување на воздухот се користи и како зачин за исхраната. стебло од лимон Го исполнува просторот со мирис од цитрус, а има и лековити својства и го стерилизира просторот.