Овие 4 реченици никогаш не треба да ги кажете на своите деца

Добивај вести на Viber

Брзајќи со времето и да ги завршите сите обврски, изговарате погрешни реченици. Што е тоа што често го кажувате на децата, а  не треба? 

Остави ме малку на мир Со изјавите „ Не сметај ми“, „Остави ме на мир“ можете децата да ги одбиете од себе, ќе им ја намалите самодовербата и ќе мислат дека нема да можат да зборуваат со вас бидеќи сте зафатени. 
Не плачете „Немојте да бидете бебе“, „Немојте да плачете“ и слични пораки со кои на децата им покажувате дека нивните емоции не се важни и дека не ги разбирате. Наместо да ги негирате нивните чувства, кажете им дека ги разбирате дека се тажни, лути, исплашени и прашајте ги како може да им помогнете. 
 Чекај да дојде татко ти Мора да научите сами да се изборите со проблемите, а не таткото да биде лош полицаец. Поради одложување на десциплината детето нема да знае што погрешило. 
 Побрзај или ќе останеш сам Премногу обврски, рокови, недостаток на сон се некои од причините за оваа родителска реченица. Немојте секој ден да ја повторувате, бидејќи детето ќе се чувствува виновно. Кажете му дека малку ќе му помогнете, но дека е одлично што се труди.